Вучиќ: Ѓоковиќ може да зборува против мене колку што сака

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека ќе продолжи да го поддржува Новак Ѓоковиќ од сесрце, без оглед на фактот што познатиот тенисер неодамна изрази поддршка за граѓаните кои ги блокираа патиштата за време на политичките протести во Србија.

Тој истакна дека разговарал со најдобриот тенисер на сите времиња ноќта пред да ги поддржи студентите, но одби да каже повеќе за нивниот разговор.

„Разговарав со Новак ноќта пред да ги поддржи блокадерите. Нема да давам детали, тој ми се јави мене. Не коментирав тогаш, а нема ни сега“, изјави Вучиќ за српските медиуми, додавајќи дека Ноле има посебен статус во срцата на сите српски граѓани.

„Секако дека го поддржувам Новак од сесрце, тој е легенда на Србија“, додаде Вучиќ.

Тој исто така откри дека не му замерува за тоа што ги поддржува политичките противници.

„Тој може да зборува против мене колку што сака, да ги поддржува политичките противници, но ако јас кажам нешто лошо против него - тоа би било глупаво и смешно“, рече српскиот претседател.

Вучиќ нагласи дека го поддржал Ѓоковиќ за време на неговиот последен натпревар против Јаник Синер и дека, без оглед на политичките разлики, ќе продолжи да го поддржува.

реклама

Колач ден и ноќ идеален за Свети Јован

Read more

Тепачка во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром

Read more

16-годишник со автомобил удрил во пешак во Скопје

Read more

Израел и Иран постигнаа таен договор преку Русија

Read more

Регион

Србија им дозволила на шпионите на Путин да тестираат звучни топови на кучиња

Read more

Три земји сè уште ја немаат признато Хрватска

Read more

Во Република Српска масовно се величаат воени злосторници: Додик ги пофали Младиќ и Караџиќ

Read more

HELLENiQ ENERGY: Започна протокот на нафта од Солун кон Скопје

Read more
 

Вести

Путин со насмевка: Ситуацијата на меѓународната сцена се влошува

Читај повеќе
  • play_arrow

Европски војници пристигнаа на Гренланд: Ова е порака до Трамп

Читај повеќе

Орбан контра Брисел: Не сметајте на нас - нема да платиме

Читај повеќе

Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери

Читај повеќе

Откриено кој стои зад идејата на Трамп за преземање на Гренланд

Читај повеќе

Фотографија со „кинески супервојник“ стана вирална

Читај повеќе

Сојузниците на Путин: Нè напушти кога ни беше најпотребен

Читај повеќе
  • play_arrow

Србија им дозволила на шпионите на Путин да тестираат звучни топови на кучиња

Читај повеќе

16-годишник со автомобил удрил во пешак во Скопје

Читај повеќе