Вучиќ во Тиват: Се надеваме дека ќе ги промениме правилата за влез во ЕУ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пристигна во Тиват, каде што ќе учествува на дводневен самит на лидерите на Европската Унија и Западен Балкан. Главна тема на состанокот, кој се одржува под слоганот „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“, ќе биде процесот на проширување на Унијата, пишува Anadolu.

За време на престојот во Црна Гора, се очекува Вучиќ да има голем број важни состаноци. Најавена е заедничка средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Антониу Кошта, францускиот претседател Емануел Макрон, и германскиот канцелар Фридрих Мерц.

Планирани се и одделни билатерални средби, меѓу другите со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, словачкиот премиер Роберт Фицо, австрискиот канцелар Кристиан Штокер и ирскиот премиер Михаел Мартин, како и со други учесници на самитот.

Во пресрет на патувањето, Вучиќ изјави дека доаѓа на самитот и покрај предупредувањето на Безбедносната и информативна агенција (БИА) за можни безбедносни ризици. Тој нагласи колку е важно за него да ја претставува Србија на толку важен состанок.

Исто така, истакна дека Србија има големи очекувања од самитот во Тиват. Особено се надева на евентуална промена на методологијата за пристапување кон Европската Унија и забрзување на процесот на преговори.

Самитот го води претседателот на Европскиот совет, Антониу Кошта, а домаќин е црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ. Покрај процесот на проширување и Планот за раст за Западен Балкан, се очекува лидерите да разговараат за зајакнување на соработката во областите на надворешната, безбедносната и одбранбената политика, со оглед на сложените геополитички предизвици.

реклама

Почна ослободувањето на трасата за скопскиот „мост што води во дневна соба“

Read more

Септември носи пари и крај на грижите за четири хороскопски знаци

Read more

Израел ѝ се закани на Британија: Ако направат грешка, ќе има одговор

Read more

ОН изгласа нова мапа на светот: Европа и Америка се намалуваат, Африка расте

Read more

Регион

Вучиќ за кандидатурата за премиер: Подготвен сум да ја прифатам волјата на СНС

Read more

Европската Унија ја предупреди Србија поради комеморацијата за Младиќ

Read more

Семејството на Ратко Младиќ тврди дека тој е убиен во Хаг

Read more

Загреб се поврза со Пекинг

Read more

Вести

ОН изгласа нова мапа на светот: Европа и Америка се намалуваат, Африка расте

Читај повеќе
  • play_arrow

Почна ослободувањето на трасата за скопскиот „мост што води во дневна соба“

Читај повеќе

85-годишен маж уапсен за подметнување пожар во Струшко

Читај повеќе

Израел ѝ се закани на Британија: Ако направат грешка, ќе има одговор

Читај повеќе

Вучиќ за кандидатурата за премиер: Подготвен сум да ја прифатам волјата на СНС

Читај повеќе

Турчин уапсен во Охрид за поттикнување на проституција

Читај повеќе

Фронтекс за прв пат распоредува бродови во Ламанш 

Читај повеќе

Повеќе од 1.000 случаи на заболени од вирусот Западен Нил во Европа

Читај повеќе

Изменето работното време на шалтерот за издавање одобренија за патување на деца

Читај повеќе