Ал-Шараа отворено во САД: Не се срамам што се борев против Американците, Израел нема да запре до Минхен

По историската прва посета на сириски претседател на Белата куќа, Ахмед ал-Шараа, поранешен борец во Сирија и Ирак, даде ексклузивно интервју за The Washington Post, во кое зборуваше за обновувањето на односите меѓу Дамаск и Вашингтон, преговорите со Израел, американските санкции, исчезнувањето на новинарот Остин Тајс и сопственото патување од бунтовник до шеф на држава.

Ал-Шараа, кој зборуваше преку преведувач, нагласи дека негова главна цел е да отвори ново поглавје во односите меѓу двете земји, кои, според него, биле „ сто годинина спротивни страни од историјата“.

„Најважната цел овој пат беше да се изградат односи меѓу Сирија и САД, бидејќи во изминатите 100 години овие односи не беа добри. Баравме заеднички интереси и ги најдовме, од безбедноста до економијата. Стабилноста на Сирија влијае на целиот регион, а нејзината нестабилност го прави истото“, рече Ал-Шараа.

Зборувајќи за санкциите на САД, Ал-Шараа нагласи дека економскиот развој и стабилноста се директно поврзани со нивното укинување. „Разговараме за овие прашања со месеци и постигнавме добри резултати, но чекаме конечна одлука“, рече тој.

Запрашан за судбината на американскиот новинар Остин Тајс, кој исчезна во Сирија, Ал-Шараа рече дека „за време на војната што поранешниот режим ја водеше против сопствениот народ, стотици илјади луѓе, вклучително и странци, исчезнаа“.

„Формиравме комисија за исчезнати лица и се фокусираме на случаите на оние што имаат американско државјанство. Се координираме со американските власти и разговарав со мајката на Остин Тајс, прекрасна жена. Мајка ми ја запозна бидејќи и самата поминала низ слична болка, јас бев исчезнат седум години и сите мислеа дека сум мртов, освен таа“, рече сирискиот претседател.

Одговарајќи на прашање за неговото воено минато, Ал-Шараа рече дека „борбата не е срамна ако има благородна цел“.

„Го бранев мојот народ од неправда. Водев многу битки, но никогаш не убивав невини. Западните политики предизвикаа многу бесмислени војни во нашиот регион, а денес многу Американци признаваат дека тие политики беа грешка“, рече тој.

Секташко насилство и малцинства

Ал-Шараа призна дека Сирија сè уште се соочува со последиците од годините војна и диктатура.

„Земјата се опоравува од шест децении тиранија. Ние сме во транзиција, а транзицискиот период никогаш не е лесен“, рече тој, споредувајќи ја ситуацијата со Американската граѓанска војна.

„По војната во Соединетите Американски Држави, стабилноста не дојде за една година. Потребни се години за да се обноват државата и законот. Во Сирија, одредени групи ја користеа религијата или етничката припадност како оправдување за сопствените интереси. Но, Сирија е дом на различни религии веќе 1.400 години и ние сè уште живееме заедно“, рече тој.

Ал-Шараа потсети дека Сирија војувала десет години против т.н. Исламска држава без помош од Запад.

„Денес Сирија е способна сама да преземе одговорност. Присуството на која било странска воена сила што не е под контрола на државата само создава простор за враќање на ИСИЛ“, рече тој, додавајќи дека американските сили во Сирија би можеле да имаат „надзорна улога“ во процесот на интегрирање на курдските Сириски демократски сили во државните структури.

Зборувајќи за односите со Израел, Ал-Шараа откри дека преговорите се во тек и дека, како што рече, тие „отишле далеку“.

„Кога падна режимот на Башар ал-Асад, Израел го поништи договорот за раздвојување на силите од 1974 година и окупираше нови области во Сирија. Тие извршија над илјада воздушни напади од 8 декември, вклучително и бомбардирањето на Претседателската палата. Ние не одговоривме затоа што сакаме да ја обновиме земјата“, рече Ал-Шараа.

„Напредокот на Израел во Сирија нема никаква врска со неговата безбедност, туку со експанзионистички амбиции. Поминавме долг пат во директните преговори со Израел, но конечниот договор бара Израел да се повлече на границите пред 8 декември. Соединетите Американски Држави се со нас во тие преговори, а претседателот Трамп исто така ја поддржува нашата позиција и сака да го забрза постигнувањето решение“, нагласи тој.

Израел не може засекогаш да ги проширува своите „безбедни зони“

Кога беше прашан дали Сирија би се согласила да го демилитаризира јужниот дел од земјата, Ал-Шара беше јасен: „Тешко е да се зборува за демилитаризација, бидејќи ако избувне хаос, кој ќе го заштити тој регион? На крајот на краиштата, тоа е сириска територија и ние имаме право да управуваме со неа.“

Предупреди дека Израел не може бесконечно да го оправдува проширувањето на своето влијание со „заштита на своите граници“. „Тие ја окупираа Голанската Висорамнина за да 'го заштитат Израел', сега поставуваат услови за Јужна Сирија за да 'го заштитат Голан'. Ако продолжат вака, еден ден, фигуративно кажано, ќе стигнат до Минхен“, рече тој.

Односите со Русија и прашањето со Асад

Запрашан за поранешниот претседател Башар ал-Асад, кој наводно е во Русија под заштита на Москва, Ал-Шараа рече дека прашањето е „тешко, но неизбежно“.

„Десет години сме во војна со Русија. Тие неколку пати објавија дека сум убиен. Но, сега ни е потребна Русија, постојана членка на Советот за безбедност на ОН, чиј глас ни е потребен. Не сакаме да ги туркаме во спротивниот табор, но Сирија нема да се откаже од своето право да го изведе Асад пред лицето на правдата“, рече тој.

Ал-Шараа, кој некогаш се борел против американските сили во Ирак, сега е првиот сириски претседател што стапнал во Овалната соба. Неговата посета на Вашингтон означува драматична промена во сириско-американските односи, од децении непријателство до можен почеток на ново партнерство.

„Соединетите Американски Држави и Сирија имаат многу заеднички интереси и ако градиме мир, го градиме не само за себе, туку и за целиот Близок Исток“, рече Ал-Шараа.

реклама

Европска земја во која жените бараат маж „под дрво и камен“

Read more

Словенија пред референдум за напуштање на НАТО

Read more

Плескавици од јајца: Најлесен начин да ги претворите велигденските остатоци во ново јадење

Read more

Лажно „Windows ажурирање“ ќе ви ги украде лозинките

Read more

Свет

Европа подготвува воена мисија во Ормутскиот Теснец без Америка, Израел и Иран

Read more

Ситуација во Ормутскиот Теснец потсети на Кубанската ракетна криза

Read more

Франција со закон ќе забрани да се споредува Израел со нацистите

Read more

Трамп: Новиот премиер на Унгарија е добар човек

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Вучиќ го нападна Маѓар

Читај повеќе

Европа подготвува воена мисија во Ормутскиот Теснец без Америка, Израел и Иран

Читај повеќе

Ситуација во Ормутскиот Теснец потсети на Кубанската ракетна криза

Читај повеќе

Словенија пред референдум за напуштање на НАТО

Читај повеќе

Франција со закон ќе забрани да се споредува Израел со нацистите

Читај повеќе

Трамп: Новиот премиер на Унгарија е добар човек

Читај повеќе

Претежно облачно време со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Дел од Центар денеска без вода, дел од Кучково без струја

Читај повеќе

Благ пораст на цените, намалена трговска маржа кај основните производи, утврди Министерството за економија

Читај повеќе