„Албанска“ или „бубамара“: Како ќе се вика новата коалиција што ја води Германија?

Партиите ЦДУ/ЦСУ и СПД денеска постигнаа договор за коалицијата што ќе ја формира владата во Германија во следните четири години, а во германските медиуми, но и на социјалните мрежи веднаш започна дискусија: Како ќе се вика новата коалиција?

Името за коалицијата што управува со Германија одамна е политичка традиција. Така, на пример, претходната коалиција, која ја сочинуваа Зелените, ФДП и СПД, според боите на партиите беше наречена „семафор коалиција“.

Пред одржувањето на изборите, кога се зборуваше за потенцијални коалиции, во фокусот беа и имињата на коалициите. Потенцијалната соработка помеѓу ЦДУ и Зелените е наречена „киви коалиција“.

Во овој контекст, германските политичари веќе почнаа да даваат предлози за коалиција на ЦДУ/ЦСУ и СПД, која во минатото се нарекуваше Große Koalition (голема коалиција, на германски).

Фридрих Мерц, идниот канцелар на Германија, го предложи името „ГроКо“, што е кратенка од претходното име, но проблемот е што овие две партии веќе немаат толкаво мнозинство во Бундестагот како што имаа во времето на поранешната канцеларка Ангела Меркел.

Така, формалниот предлог на лидерите на двете партии беше „црвено-црна коалиција за работа“, иако посочија дека „не е важно името, туку работата“.

Сепак, нивните политички противници беа многу покреативни, особено политичарите од Партијата на зелените.

Така тие предложија да се нарекуваат „Колалиција“ (германски: Colalition), по познатиот газиран пијалок кола и „албанска коалиција“, по боите на партиите и знамето на државата во нашиот регион.

Зелените предложија и „ѓаволска коалиција“ како и „блекрот“, по името на компанијата за која некогаш работеше Мерц, Blackrock.

Што се однесува до социјалните мрежи, апсолутен фаворит е, според FAZ, името „бубамара коалиција“.

Тагови
реклама

Колач ден и ноќ идеален за Свети Јован

Read more

Тепачка во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром

Read more

16-годишник со автомобил удрил во пешак во Скопје

Read more

Израел и Иран постигнаа таен договор преку Русија

Read more

Свет

Путин со насмевка: Ситуацијата на меѓународната сцена се влошува

Read more

Европски војници пристигнаа на Гренланд: Ова е порака до Трамп

Read more

Орбан контра Брисел: Не сметајте на нас - нема да платиме

Read more

Откриено кој стои зад идејата на Трамп за преземање на Гренланд

Read more
 

Вести

Путин со насмевка: Ситуацијата на меѓународната сцена се влошува

Читај повеќе
  • play_arrow

Европски војници пристигнаа на Гренланд: Ова е порака до Трамп

Читај повеќе

Орбан контра Брисел: Не сметајте на нас - нема да платиме

Читај повеќе

Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери

Читај повеќе

Откриено кој стои зад идејата на Трамп за преземање на Гренланд

Читај повеќе

Фотографија со „кинески супервојник“ стана вирална

Читај повеќе

Сојузниците на Путин: Нè напушти кога ни беше најпотребен

Читај повеќе
  • play_arrow

Србија им дозволила на шпионите на Путин да тестираат звучни топови на кучиња

Читај повеќе

16-годишник со автомобил удрил во пешак во Скопје

Читај повеќе