Авион се урна на автопат во Италија, има мртви

Две лица загинаа, а најмалку две други се повредени кога мал авион Skyleader се урна на автопат во Италија, во провинцијата Бреша.

Трагедијата се случи во вторник околу пладне, а очевидци велат дека сцената била ужасна. Според граѓаните, леталото одеднаш се завртело во воздух, по што следел ужасен удар на земјата.

Спасувачките екипи ги пронашле јагленисаните тела на пилотот и патниците во остатоците.

Според првите информации, станува збор за лесен авион Skyleader, долг околу 7 метри, кој полетал од Грањано Требјенсе во северна насока.

Авионот се урна помеѓу градовите Флеро и Аѕано Мела, при приклучување кон автопатот А4.

По несреќата, авионот се запалил, а деловите летале десетици метри наоколу, паѓајќи врз возилата што минувале на тој дел од автопатот.

Најмалку две лица, кои биле во автомобил, се повредени минувајќи низ огнената стихија што се појавила по ударот, бидејќи не успеале да застанат. Локалните медиуми јавуваат дека повредените мажи се на возраст од 49 и 56 години.

Во трагедијата загинаа еден постар маж и една жена. Во тек е истрага за да се утврдат сите околности на несреќата.

реклама

Локално невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во наредните денови

Read more

Северна Кореја го пушти во акција разурнувачот Канг Кон од 5.000 тони

Read more

Американците распределија ракетни системи што може да досегнат до Москва

Read more

Шефицата на AfD: Има премногу доселеници кои само го користат германскиот систем за социјална помош

Read more

Свет

Американците распределија ракетни системи што може да досегнат до Москва

Read more

Шефицата на AfD: Има премногу доселеници кои само го користат германскиот систем за социјална помош

Read more

Снимен моментот кога украински дрон удира во станбена зграда во Русија

Read more

Дали ФБИ сокриле клучни докази за нападите на 11 септември?

Read more

Вести

Американците распределија ракетни системи што може да досегнат до Москва

Читај повеќе

Шефицата на AfD: Има премногу доселеници кои само го користат германскиот систем за социјална помош

Читај повеќе
  • play_arrow

Снимен моментот кога украински дрон удира во станбена зграда во Русија

Читај повеќе

На полноќ се зголемуваат цените на горивата 

Читај повеќе

Локално невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во наредните денови

Читај повеќе

19-годишна девојка загина во Светиниколско, со возилото излетала од патот

Читај повеќе
  • play_arrow

Изгаснат пожарот на македонско-косовската граница, нема повеќе да го загадува Скопје 

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали ФБИ сокриле клучни докази за нападите на 11 септември?

Читај повеќе

Убиен 26-годишен скопјанец, МВР со детали за случајот

Читај повеќе