Британски гејмер бил сведок на убиство на пријателка од Финска додека играле онлајн

Макфакс
/ 22.08.2025 / 11:45

Британски гејмер бил сведок на страшно злосторство кога неговата онлајн пријателка (32) била смртно избодена во својот дом во Финска, а тој оддалечен повеќе од 1.500 километри слушал без можност да спречи. Нападот се случил додека двајцата играле видео игра, јавува The Sun.

Според полицискиот извештај, непознатиот Британец играл онлајн со пријателката околу 22 часот кога изненадно слушнал звук од скршен прозорец. Во паника ја прашал дали ги заклучила вратите, но веднаш потоа слушнал како убиецот на фински разговара со жртвата.

Британецот, немоќен да помогне, на 23 април во 5 часот наутро локално време испратил е-пошта до финската полиција. Полицијата следниот ден го пронашла безживотното тело на жената во дневната соба и веднаш започнала истрага.

Истражувањето покажало бизарен ред на настани. По бруталното убиство, убиецот се упатил педесетина километри северно до градот Јува и запалил штала. Сосед го забележал пожарот и излегол надвор, а десетина минути подоцна бил сведок на страшна глетка – маж со рацете раширени излегол од изгорениот објект. Итната помош брзо стигнала и го пренела во болница, но мажот починал од тешките изгореници.

Криминалистичката инспекторка Марфа Раипела изјавила дека извршителот не ѝ бил познат на полицијата и дека случајот не се третира како терористички чин. Утврдено е дека ден претходно се преселил од својот дом во Иматра до Пумалу, каде што немал договорена средба со никого. Мотивот за ова дело останува непознат.

Полицијата верува дека жртвата била случајно избрана, поради тоа што нејзината куќа била лесно достапна и единствена со вклучено светло во тој момент. Со оглед на тоа што единствениот осомничен починал, случајот е официјално затворен.

реклама

Свет

Двајца загинаа откако брод потона во Црното Море, Зеленски тврди дека бил погоден од руски дронови

Read more

Учениците во ЕУ сè послаби во математика, читање и природни науки

Read more

Нема веќе вештачка интелигенција: Трамп го забрани терминот AI и формираше Сили за суперинтелигенција

Read more

ЕУ даде зелено светло за центри за депортација во трети земји: Како тоа ќе изгледа во пракса?

Read more

Вести

Двајца загинаа откако брод потона во Црното Море, Зеленски тврди дека бил погоден од руски дронови

Читај повеќе

Учениците во ЕУ сè послаби во математика, читање и природни науки

Читај повеќе

Нема веќе вештачка интелигенција: Трамп го забрани терминот AI и формираше Сили за суперинтелигенција

Читај повеќе
  • filter

Поранешниот симбол на Триглав е пред исчезнување: Последниот глечер во Словенија речиси исчезна

Читај повеќе

Гаши формираше Совет на поранешни претседатели на Собранието

Читај повеќе

Нови пронајдоци на локалитетот Расница: Откриено богато војничко погребување од VI век

Читај повеќе

Оперативна акција Чистач: 5.628 уапсени и 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговијата со дрога и прекуграничниот криминал

Читај повеќе

Левица: Коцкарниците на народот му ја земаат платата, брзите кредити иднината – 1,6 милијарди евра завршиле во коцкарската индустрија

Читај повеќе

BALFIN Group – над 52 милиони евра платени даноци во првите 6 месеци од 2026 година

Читај повеќе