Авион на Wizz Air што летал од Лондон до Тел Авив бил пресретнат од израелски борбени авиони и испратен до аеродромот „Бен Гурион“ откако за време на летот на мобилен телефон била снимена наводно заканувачка порака.
Авион на Wizz Air што летал од Лондон до Тел Авив бил пресретнат од израелски борбени авиони и испратен до аеродромот во Тел Авив поради наводно заканувачка порака на телефон.
Инцидентот се случил во неделата попладне, а според извештаите, алармот го предизвикало дете кое го променило името на hotspot мрежата во арапскиот збор за „терорист“ на телефонот на своите родители, пишува британски The Sun. Според извештаите, родителите на детето, кое тајно го преименувало Wi-Fi hotspot на телефонот, се ултраортодоксни Евреи.
Податоците од FlightRadar подоцна покажаа дека авионот кружел три пати над Средоземното Море, јужно од Кипар, додека безбедносните служби во воздух ја проценувале ситуацијата.
Авионот на крајот бил безбедно донесен на аеродромот „Бен Гурион“ во Израел, каде што патниците беа пречекани од кучиња за откривање бомби. Портпаролот на Израелската управа за аеродроми потврди дека стравот бил неоснован.
Сличен инцидент се случил на 15 јануари на лет од Истанбул до Барселона, кога еден од патниците го сменил името на својата интернет мрежа, чие име содржело закана со бомба.