Двајца загинаа откако брод потона во Црното Море, Зеленски тврди дека бил погоден од руски дронови

Макфакс
/ 05.10.2026 / 19:13

Две лица загинаа, а 11 членови на екипажот беа спасени денеска по пожар на товарен брод во Црното Море, надвор од романските територијални води. Романските власти засега не ја потврдија причината за пожарот, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека бродот бил погоден од двe руски беспилотни летала.

Романското Министерство за внатрешни работи соопшти дека 11 членови на екипажот биле спасени од бродот, кој потоа потонал. Романската поморска управа соопшти дека станува збор за товарниот брод Royad Mammadov, кој пловел под знаме на карипската островска држава Свети Кристофер и Невис.

Според Зеленски, бродот бил погоден од два руски дрона додека превезувал пченка.

„Страшен напад со два руски беспилотни летала врз цивилен брод во неутрални води, кој превезувал пченка и е во турска сопственост. На бродот имало државјани на Азербејџан и Индија“, напиша Зеленски на Х.

Во моментот кога ја објавил пораката, Зеленски навел дека е потврдена смртта на капетанот, додека судбината на уште едно лице сè уште се утврдувала.

Романските власти подоцна потврдија дека во инцидентот загинале две лица.

Руските власти засега не го коментираа конкретно овој инцидент. Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека руските сили погодиле два товарни брода, но не наведе дека Royad Mammadov бил еден од нив.

Романските медиуми објавија дека инцидентот се случил во близина на нафтена платформа со која управува романската енергетска компанија OMV Petrom.

Бродот Royad Mammadov пловел под знамето на Свети Кристофер и Невис и се движел кон Равена во Италија. Според податоците на VesselFinder, последно пристанал во украинското пристаниште Измаил.

Романија, која е членка на НАТО, со Украина дели 614 километри копнена граница. Од почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година се регистрирани повеќе случаи на навлегување руски беспилотни летала во романскиот воздушен простор, како и пловечки мини во Црното Море, кои претставуваат ризик за важните трговски и енергетски правци.

реклама

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Read more

Знаете ли што претставува малата дупка што се наоѓа во речиси секој мијалник?

Read more

Посебен режим на сообраќај во Центар поради трка

Read more

Симптоми што може да укажуваат на рак, а често се припишуваат на други здравствени проблеми

Read more

Свет

Руски ракетен напад врз Киев: Петмина повредени, оштетени станбени згради и градинка

Read more

Трамп потврди нови американски напади врз Иран

Read more

Светските цени на храната паднаа по 4 години, најголемо поевтинување кај житариците

Read more

Нови закани за бомби во Европа: Еден авион пренасочен, друг слета во Лисабон

Read more

Вести

Маж пронајден починат на улица во Гостивар, телото дадено на обдукција

Читај повеќе

Нема напредок во историската комисија со Бугарија: Без договор за Охридската архиепископија и одбележувањето на Даме Груев

Читај повеќе

Руски ракетен напад врз Киев: Петмина повредени, оштетени станбени згради и градинка

Читај повеќе

Трамп потврди нови американски напади врз Иран

Читај повеќе

Светските цени на храната паднаа по 4 години, најголемо поевтинување кај житариците

Читај повеќе
  • filter

Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блесна – гордоста на Скопје во полн сјај!

Читај повеќе

Викендов можни прекини на банкарските услуги

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Центар поради трка

Читај повеќе

Променливо облачно со сончеви периоди, утринска магла во котлините

Читај повеќе