ЕК: ЛГБТИ+ луѓето не се за лечење

Европската комисија денеска соопшти дека следната година ќе објави препорака до земјите-членки за забрана на конверзиони терапии за ЛГБТ+ лицата, кои се базираат на претпоставката дека е можно да се промени нечија сексуална ориентација.

Граѓанската иницијатива „Забрана за конверзиони практики во Европската Унија“, која минатата година собра повеќе од 1,1 милион потписи во 11 земји-членки, побара од ЕК да предложи обврзувачка законска забрана за овие практики.

Како одговор, извршната власт на ЕУ потврди дека нема да предложи забрана бидејќи нема законско овластување за тоа, туку наместо тоа ќе им препорача на земјите-членки да го сторат тоа.

„Секој член на ЛГБТИК+ заедницата треба да може да биде тоа што е, да го живее својот живот гордо, ослободен од насилство, дискриминација и страв. ЕК ќе усвои препорака во 2027 година со која ќе се обврзе да ги поддржи земјите во нивните напори да ги забранат овие штетни практики“, соопшти ЕК.

Конверзионите терапии ја изедначуваат хомосексуалноста со болест и се базираат на премисата дека е можно да се промени нечија сексуална ориентација или родов идентитет.

Тие можат да бидат во форма на работилници, сесии на егзорцизам или дури и електрошок терапија. 

„Нема што да се лечи кај ЛГБТИК+ луѓето. Она што им е потребно е слобода, заштита и безбедност“, рече комесарката за еднаквост Хаџа Лахбиб.

реклама

Левица: Партијата која ги распродаде фабриките и остави илјадници стечајци не може да држи лекции за минимална плата

Read more

Запленети 43 тони кокаин: Секна рутата од Латинска Америка кон Европа

Read more

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Read more

Попладнево пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Read more

Свет

Запленети 43 тони кокаин: Секна рутата од Латинска Америка кон Европа

Read more

Прикриеното етничко чистење на христијаните во Либан: Предупредување за Европа

Read more

Холанѓанец на боледување истрчал маратон и добил отказ, судот пресудил во негова корист

Read more

Градоначалникот Кличко: Денес станува збор за опстанок – оние што можат, треба да го напуштат Киев

Read more

Вести

Теснецот е одблокиран, зошто цените на горивото не паѓаат?

Читај повеќе

Запленети 43 тони кокаин: Секна рутата од Латинска Америка кон Европа

Читај повеќе

Попладнево пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Читај повеќе

Прикриеното етничко чистење на христијаните во Либан: Предупредување за Европа

Читај повеќе

Левица: Партијата која ги распродаде фабриките и остави илјадници стечајци не може да држи лекции за минимална плата

Читај повеќе

Од понеделник Безбеден град во Охрид

Читај повеќе

Потрошени над 340 милиони денари за прославата за 35 години независност, Митева го објави финансискиот извештај

Читај повеќе

Бугарија инсистира на гарантирање на правата на Бугарите; Петрова категорична, нема повторно преговарање за обврските на Македонија

Читај повеќе

Холанѓанец на боледување истрчал маратон и добил отказ, судот пресудил во негова корист

Читај повеќе