ЕУ ги менува правилата за јавни набавки: Најевтината понуда повеќе нема да биде пресудна

Макфакс
/ 09.09.2026 / 20:43

Европската комисија предложи реформа на правилата за јавни набавки со која европските институции и јавни установи ќе се поттикнуваат да купуваат повеќе производи и услуги произведени во Европа, а при изборот на понудите поголемо значење ќе имаат квалитетот и други критериуми, наместо само најниската цена.

Како што пишува The Guardian, една од целите на реформата е зајакнување на европските компании во услови на силна конкуренција од Кина. Во Брисел сметаат дека сегашните правила често се толкуваат како обврска да се избере најевтината понуда, поради што договорите неретко завршуваат кај компании надвор од Европа.

Еврокомесарот за индустриска политика, Стефан Сежурне, изјави дека новите правила треба да им дадат поголема правна сигурност на јавните нарачатели при изборот на европски производи и услуги.

„Нарачателите ќе можат да им дадат предност на европските понуди и да ги ограничат или одбијат понудите од земји кои немаат договор за јавни набавки со ЕУ или не ги почитуваат обврзувачките меѓународни правила“, рече Сежурне.

Посебен акцент ќе биде ставен на квалитетот. Според предлогот, при утврдувањето на критериумите за доделување договор, квалитетот ќе треба да има тежина од најмалку 30% или нарачателот ќе мора да образложи зошто тоа не е случај. Кај договорите кои бараат голем ангажман на работна сила, минималното учество на критериумите за квалитет ќе изнесува 50%.

Покрај цената, ќе се земаат предвид и еколошката одржливост, локалните синџири на снабдување и условите за работа.

ЕУ проценува дека јавните набавки изнесуваат околу 15% од БДП на Унијата, односно околу 2,6 билиони евра годишно. Брисел смета дека овој потенцијал досега не бил доволно искористен за поддршка на европската економија.

Предлогот треба да биде одобрен од Европскиот парламент и Советот на ЕУ, а текстот може да претрпи измени во текот на законодавната постапка.

Тагови
реклама

Свет

Запленети 43 тони кокаин: Секна рутата од Латинска Америка кон Европа

Read more

Прикриеното етничко чистење на христијаните во Либан: Предупредување за Европа

Read more

Холанѓанец на боледување истрчал маратон и добил отказ, судот пресудил во негова корист

Read more

Градоначалникот Кличко: Денес станува збор за опстанок – оние што можат, треба да го напуштат Киев

Read more

Вести

Питони, отровна змија и гуштер под седиштето: косовски државјанин се обидел нелегално да ги внесе во Македонија

Читај повеќе

Излезот од блокадата со Бугарија е во дијалогот, смета Мицкоски

Читај повеќе

Шефот на Ryanair ја смирува авиоиндустријата: Ќе има доволно керозин

Читај повеќе

Теснецот е одблокиран, зошто цените на горивата не паѓаат?

Читај повеќе

Запленети 43 тони кокаин: Секна рутата од Латинска Америка кон Европа

Читај повеќе

Попладнево пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Читај повеќе

Прикриеното етничко чистење на христијаните во Либан: Предупредување за Европа

Читај повеќе

Левица: Партијата која ги распродаде фабриките и остави илјадници стечајци не може да држи лекции за минимална плата

Читај повеќе

Од понеделник Безбеден град во Охрид

Читај повеќе