„Европска гордост“ е тоа што Џеј Ди Венс беше исвиркан на отворањето на ЗОИ, вели Калас

Свирежите упатени кон потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, на Зимските олимписки игри во Италија се знак на „европска гордост“ по серијата критички коментари од американските претставници за Европа, изјави денеска шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас. 

Венс и неговата сопруга Уша беа исвиркани минатата недела на стадионот Сан Сиро во Милано кога накратко се појавија на голем екран за време на церемонијата на отворањето мавтајќи со американски знамиња, објави Politico.

На прашањето за исвиркувањето, Калас рече: „Би рекла дека слушнавме многу не баш убави зборови за Европа од Соединетите Американски Држави“. Таа додаде: „Секако, нашата јавност исто така има гордост, европска гордост. Тоа сега и се покажа“.

Тензии пред Конференцијата за безбедност

Коментарите ги одразуваат затегнатите односи меѓу ЕУ и САД пред Конференцијата за безбедност во Минхен (MSC) оваа недела, каде што европските лидери ќе се сретнат со членови на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. На минатогодишната конференција, Венс ги шокираше многу Европејци со своите остри критики кон ЕУ, обвинувајќи ја за задушување на слободата на говорот и загрозување на опстанокот на цивилизацијата преку миграцијата.

Венс и други претставници на администрацијата на Трамп продолжија да даваат потценувачки коментари, а потпретседателот неодамна ги обвини Европејците за двојни стандарди. 

„Европејците се толку пријателски настроени во приватни разговори и подготвени да направат многу отстапки, а потоа јавно нè напаѓаат и велат: „Нема да работиме со Американците. Нема да правиме ништо со Американците“, рече Венс во интервју во саботата. „Жал ми е. Се е лага.“ Коментарите дојдоа откако Трамп се закани дека ќе го преземе Гренланд, самоуправна данска територија на Арктикот.

Венс не доаѓа во Минхен

И покрај поканата, Венс не планира да присуствува на овогодинешната Минхенска безбедносна конференција, објавија Bloomberg и Fox News. На негово место, американската делегација на конференцијата ќе ја предводи американскиот државен секретар Марко Рубио, потврди претседателот на MSC, Волфганг Ишингер, пред новинарите во Берлин денеска.

реклама

Нова мапа на Европа предизвика жестока дебата за Балканот

Read more

Вучиќ: Отидоа да се сончаат во Дубаи сега бараат виновници во нас кои им помагаме

Read more

Иранската телевизија објави видео од уништувањето на Техеран

Read more

Хегсет: Иран се обиде да го убие претседателот Трамп

Read more

Свет

Ким Џонг Ун пловеше со новиот разурнувач и гледаше лансирање проектили

Read more

Иранската телевизија објави видео од уништувањето на Техеран

Read more

ОН: Ниту една земја во светот не постигнала целосна правна еднаквост на жените

Read more

Хегсет: Иран се обиде да го убие претседателот Трамп

Read more
 

Вести

  • filter

Ким Џонг Ун пловеше со новиот разурнувач и гледаше лансирање проектили

Читај повеќе
  • play_arrow

Иранската телевизија објави видео од уништувањето на Техеран

Читај повеќе

ОН: Ниту една земја во светот не постигнала целосна правна еднаквост на жените

Читај повеќе

Во Македонија 31,2% од децата имаат зголемена телесна тежина, потребни се итни системски интервенции

Читај повеќе

Претежно облачно со слаб локален дожд низ целата земја

Читај повеќе

Скопјанец ширел омраза кон македонската држава и идентитет преку Facebook

Читај повеќе

Нова мапа на Европа предизвика жестока дебата за Балканот

Читај повеќе

Хегсет: Иран се обиде да го убие претседателот Трамп

Читај повеќе

Два нови случаи на семејно насилство во Скопје

Читај повеќе