Филмски напад во Италија: Разбојници дигнаа во воздух возила за транспорт на кеш

Драматичен вооружен напад врз возило за транспорт на кеш се случи утрово на автопатот во Италија, кој ги поврзува Лече и Бриндизи. Инцидентот се случил во близина на гратчето Тутурано, а според првичните информации, имало и пукање, објавува Rai News.

Во брза акција на полицијата во Лече, уапсени се две лица осомничени дека се членови на банда. Тие беа лоцирани во северната област Саленто, каде што органите на редот веднаш го насочија пребарувањето. Истрагата е во полн ек бидејќи потрагата по други членови на групата е во тек.

Според последните информации, напаѓачите дигнале во воздух две возила за транспорт на кеш, а не само едно, како што првично се веруваше, објавува Rai News. Нападнатото возило е на компанијата BTV Battistolli, а за да го спречат, разбојниците блокирале друго возило на патот и го запалиле. Пожарникарите и полицијата веднаш пристигнале на местото на настанот.

По нападот, државниот пат Бриндизи-Лече беше привремено затворен за сите сообраќај во двата правци. Според компанијата Анас, одговорна за одржување на патиштата, затворањето се однесува на делница од 8,3 до 12,8 километри, во областа Сан Пјетро Вернотика. Екипите на Анас и полицијата се на местото на настанот, го регулираат сообраќајот и работат на воспоставување нормални услови што е можно поскоро, се вели во соопштението.

Тагови
реклама

Свет

Иран му порача на Зеленски: Киев ќе ги сноси последиците ако се вклучи во војната со Иран

Read more

Трамп и Нетанјаху оставени сами: Сојузниците го отфрлаат конфликтот со Иран, велат „ова не е наша војна“

Read more

Европа мора да се разбуди, порача шпанскиот министер за надворешни работи: 

Read more

Иран го соопшти главниот услов за прекин на војната

Read more
 

Вести

По натпревар во Кисела Вода нападнати двајца фудбалски судии

Читај повеќе

Иран му порача на Зеленски: Киев ќе ги сноси последиците ако се вклучи во војната со Иран

Читај повеќе

СДСМ: Владата итно да ги прифати нашите законски решенија за цените на горивата

Читај повеќе

Трамп и Нетанјаху оставени сами: Сојузниците го отфрлаат конфликтот со Иран, велат „ова не е наша војна“

Читај повеќе

1.198 сообраќајни прекршоци изминатиот викенд, лишени од слобода 42 лица за безобѕирно возење

Читај повеќе

Што добива Западен Балкан од новата стратегија на ЕУ?

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе

Приведен возач без возачка дозвола и со 1,64 промили алкохол во крвта

Читај повеќе

Европа мора да се разбуди, порача шпанскиот министер за надворешни работи: 

Читај повеќе