Financial Times: Договорот за минерали меѓу САД и Украина повторно е пред колапс

Макфакс
/ 30.04.2025 / 19:37

Соединетите Американски Држави и Украина во последен момент наидоа на блокада на патот, бидејќи беа на работ да потпишат договор за минерали. Вашингтон побарал Киев истовремено да потпише рамковен договор и детален документ за основање инвестициски фонд, дознава Financial Times, повикувајќи се на извори.

Како што е наведено, Киев и Вашингтон се договорија за создавање на инвестициски фонд за развој на украинскиот рударски и енергетски сектор.

Додека украинската делегација е на пат за Вашингтон, САД инсистираат Украина да го потпише не само рамковниот договор, туку и деталниот договор за фондот.

Сепак, вицепремиерката и министерка за економија, Јулија Свириденко, вели дека вториот документ мора да биде ратификуван од Врховниот совет пред да биде потпишан. Затоа сѐ уште нема конечен договор меѓу државите, пишува Financial Times.

Тоа дојде откако Киев обезбеди значајна отстапка од администрацијата на Трамп, според која само идната воена помош ќе се смета како придонес на САД во договорот.

Тимот на американскиот министер за финансии, Скот Бесент, ѝ кажал на Свириденко дека таа треба „да биде подготвена да ги потпише сите договори или да се врати дома“.

Според Financial Times, извор запознаен со американската позиција денеска изјавил дека преговорите не се завршени бидејќи Украина се обидела повторно да преговара за условите договорени во текот на викендот.

Според изворот, високи американски функционери стравуваат дека тоа би можело да ја намали транспарентноста и одговорноста, но договорот сепак би можел да биде потпишан денеска доколку Украина се врати на првобитните услови.

„Претседателот Трамп рече дека времето е сега и ние се движиме кон таа цел со сета потребна брзина. Соединетите Американски Држави се посветени на брзо склучување на овој важен договор и обезбедување траен мир во Украина“, рече портпаролот на американското Министерство за финансии.

Еден украински функционер вклучен во преговорите изразил разочарување од активностите на САД, велејќи дека стравуваат дека „ништо нема да биде доволно добро за нив“. Подготвени сме денеска да го потпишеме рамковниот договор“, рече функционерот и додаде дека шансите за тоа се „пола-пола“.

„Веруваме дека тимовите завршија добра работа и дека договорот е многу подобар за двете земји“, изјави друг украински функционер запознаен со преговорите, пренесе Financial Times.

Премиерот на Украина, Денис Шмихал, по средбата со министерот за финансии на САД, Скот Бесант, изјави дека договорот меѓу Украина и САД за минерали нема да ја вклучува американската помош дадена за Украина пред потпишувањето.

Во петокот, на 25 април, американскиот претседател Доналд Трамп рече дека Украина треба „веднаш да потпише“ договор за ретки метали со САД.

Една недела претходно, на 17 април, Украина и САД потпишаа меморандум како прв чекор кон постигнување договор за проширување на економската соработка, вклучувајќи го и развојот на минералните суровини во Украина.

реклама

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Read more

Суптилен знак на замастен црн дроб кај жените над 50 години 

Read more

Трамп одржа итен кризен состанок во Белата куќа за Ормутскиот Теснец

Read more

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Свет

Трамп одржа итен кризен состанок во Белата куќа за Ормутскиот Теснец

Read more

Камала Харис: Биби Нетанјаху го вовлече Трамп во војна

Read more

Фицо: Литванија и Латвија ми забранија да летам над нивна територија до Москва

Read more

Американската војска потврди дека ги предала сите главни бази во Сирија

Read more
 

Вести

Две деца повредени во судир на мотоцикли

Читај повеќе
  • filter

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Читај повеќе

Голем пресврт во Словенија: Нова шанса за Јанез Јанша да формира влада

Читај повеќе

Трамп одржа итен кризен состанок во Белата куќа за Ормутскиот Теснец

Читај повеќе

Додик: Нашата борба за слобода ќе заврши кога ќе се обединиме со Србија

Читај повеќе

Камала Харис: Биби Нетанјаху го вовлече Трамп во војна

Читај повеќе

Фицо: Литванија и Латвија ми забранија да летам над нивна територија до Москва

Читај повеќе

„Водовод“ со акција за отплата на долговите на рати од 20 април до 5 јуни

Читај повеќе

И денеска сончево време, од утре дожд и пад на температурите

Читај повеќе