го укинува забрзаното доделување државјанства

Германија го ограничува бројот на работници од Западен Балкан

МАКФАКС
/ 09.04.2025 / 18:41

Денес формираната владејачка црно-црвена коалиција на конзервативните демохристијани и социјалдемократите на Германија се согласила во коалицискиот договор да го откаже забрзаното доделување државјанства на имигрантите, кои добро се интегрирале во германското општество.

Владата во заминување на социјалдемократската СПД, Зелените и либералната ФДП усвоија закон кој им дозволува на добро интегрираните имигранти во Германија да добијат државјанство по само три години.

Сепак, во коалицискиот договор што денеска го претставија Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и нејзината сестринска баварска Христијанско-социјална унија (ЦСУ), останува претходната одлука за скратување на периодот за стекнување државјанство од осум на пет години, а остнува и одлуката на Владата за признавање на двојното државјанство.

Можноста за двојно државјанство во Германија не постоеше до доаѓањето на власт на СПД, Зелените и ФДП под канцеларот Олаф Шолц.

Коалицискиот договор на идната владејачка коалиција предвидува, меѓутоа, ограничување на можноста мигрантите да се обединат со своите семејства доколку уживаат супсидијарна заштита во Германија, па затоа не се баратели на азил, пишува агенцијата dpa.

Таквата можност за доведување семејства ќе има под мандатот на новата влада само во „исклучително важни случаи“.

Бројот на работници кои доаѓаат во Германија преку таканаречената регулатива за Западен Балкан треба да биде построго ограничен според новиот договор, пишува „Ноз.де“. Коалиционите партнери се согласни да го намалат максималниот број дозволи за влез преку оваа програма на 25.000 луѓе годишно.

Секој од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија или Србија кој сака да дојде во Германија преку регулативата за Западен Балкан, мора однапред да достави договор за вработување, се додава.

Како Германија гледа на работниците од Балканот?

 

Досега имаше и квота од 1.000 дозволи месечно за влез во Германија на најблиските роднини на лица со некаква меѓународна заштита. Супсидијарната заштита не е исто што и бегалскиот статус или азил, но дозволува престој во Германија на лица за кои враќањето во нивната матична земја може да биде опасно или на кои им се заканува неправда или тортура.

Австрија кон средината на март годинава донесе одлука да им го одземе правото на азилантите на обединување на семејството, иако е спорно колку тоа е во согласност со правото на Европската унија, конвенциите за човекови права и покрај критиките од експертите и невладините организации.

Тагови
реклама

Без тенкови на Црвениот плоштад: Поинаква Парада на победата во Москва

Read more

Ќотекот се враќа како дисциплинска мерка во училиштата во една од најбогатите земји

Read more

Изненадување во екот на трката за титулата: Сити го менува името на стадионот

Read more

Среќен 100-ти роденден, сер Дејвид Атeнборо!

Read more

Свет

Без тенкови на Црвениот плоштад: Поинаква Парада на победата во Москва

Read more

Хаос на уште еден крузер: Над 100 патници и членови на екипажот заразени со норовирус

Read more

Пентагон објави голем пакет досега невидени документи за НЛО

Read more

Трамп: Русија и Украина договорија тридневно примирје, oва е почеток на крајот на војната

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Без тенкови на Црвениот плоштад: Поинаква Парада на победата во Москва

Читај повеќе

Хаос на уште еден крузер: Над 100 патници и членови на екипажот заразени со норовирус

Читај повеќе

Пентагон објави голем пакет досега невидени документи за НЛО

Читај повеќе

ЗНМ: Јавните институции мора да обезбедат еднаков пристап за сите медиуми

Читај повеќе

Трамп: Русија и Украина договорија тридневно примирје, oва е почеток на крајот на војната

Читај повеќе
  • play_arrow

Во живо од парадата во Москва по повод Денот на победата над фашизмот

Читај повеќе

Економската цена на војната: Граѓаните ги трошат заштедите за да ги покријат зголемените трошоци

Читај повеќе

СЗО: Досега потврдени 6 случаи на хантавирус, уште два се веројатни

Читај повеќе

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи

Читај повеќе