потег на новата влада

Германија сака да привлече млади луѓе во војската со бесплатен возачки испит

Германската армија (Бундесвер) треба да се модернизира, се договорија СПД и ЦДУ/ЦСУ во коалицискиот договор. Но, парите можат да решат само дел од проблемот. Најголем предизвик останува недостигот на кадар. Затоа, новата влада под водство на Фридрих Мерц планира да воведе нова форма на воена служба.

„Бундесверот мора да стане поатрактивен“, изјави претседателот на СПД Ларс Клингбејл за Berliner Morgenpost. Тој смета дека преку доброволно служење може да се привлечат доволно луѓе.

„Зошто не овозможиме повторно да се полага возачки испит во војска?“, предложи тој. Бундесверот, смета тој, треба да стане атрактивен работодавач за да се зголеми одбранбената способност на Германија.

Проблемот со недостиг на кадар е сериозен. Комесарката на Бундестагот за Бундесверот Ева Хогл предупреди во извештајот за 2024 година дека опремата, персоналот и инфраструктурата мора итно да се подобрат. Целта е до 2031 година бројот на војници да се зголеми на 203.000. На крајот на 2024 година имало само 181.174, а просечната возраст на војниците од 32,4 години во 2019 година се зголемила на 34 години.

ЦДУ бара враќање на воената регрутација

Иднината може дополнително да ја влоши ситуацијата, освен ако стратегијата за волонтерски услуги не вроди со плод. Сегашниот (и најверојатно иден) министер за одбрана, Борис Писториус (СПД), се залага за нов модел заснован на доброволност. Младите на воена возраст ќе бидат поканети да пополнат прашалник, се бараат мажи, жени доброволно. Целта е младите за прв пат посериозно да се соочат со Бундесверот.

За разлика од СПД, многумина во коалицијата ЦДУ/ЦСУ сакаат повторно да го воведат задолжителниот воен рок. Сепак, аналитичарите изразуваат сомнеж за изводливоста на таков план. Според Кристијан Рихтер од Институтот за одбранбени истражувања на Бундесверот (ГИДС), недостига инфраструктура за повторно воведување на задолжителна служба, а ќе бидат потребни дополнителни касарни, центри за регрутирање и тестирање.

„Нема да испраќаме војници во Украина“

Слично размислува и Северин Плејер од Универзитетот Хелмут-Шмит во Хамбург.

„Немаме ни основна идеја за тоа каков модел сакаме. Поранешниот систем веќе беше разнишан, а сегашните предизвици бараат сосема нов пристап“, рече тој.

Бидејќи СПД најверојатно ќе го задржи Министерството за одбрана, позицијата на Борис Писториус за доброволниот модел е пренесена во новиот коалициски договор. Сепак, и покрај воената средина, СПД е јасна, нема да има испраќање германски војници во Украина. „Не можам да замислам дека ќе испратиме германски војници во таа војна“, рече Ларс Клингбејл.

Тагови
реклама

Џака со погрешно знаме го честиташе Денот на независноста на Косово 

Read more

Како ќе напикаат 1.750 паркинг места кај поранешната Печатница на Нова Македонија?

Read more

На 17 февруари почна нова златна доба за три хороскопски знаци

Read more

Илон Маск го запали интернетот: Програмирањето какво што го знаеме ќе исчезне до крајот на 2026-та

Read more

Свет

Русите им нудат на Американците економско „Ел Дорадо“

Read more

Сателитски снимки откриваат: Иран гради бетонски штитови на воени локации

Read more

Полски бискуп штител педофили: Се соочува со затвор, вели дека е невин

Read more

Јапонија инвестира десетици милијарди во американски проекти за нафта, гас и минерали

Read more
 

Вести

Шефот на Mistral AI: Вештачката интелигенција ќе замени половина од деловниот софтвер

Читај повеќе

Русите им нудат на Американците економско „Ел Дорадо“

Читај повеќе

Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува

Читај повеќе

Сателитски снимки откриваат: Иран гради бетонски штитови на воени локации

Читај повеќе

Полски бискуп штител педофили: Се соочува со затвор, вели дека е невин

Читај повеќе

Како ќе напикаат 1.750 паркинг места кај поранешната Печатница на Нова Македонија?

Читај повеќе

Јапонија инвестира десетици милијарди во американски проекти за нафта, гас и минерали

Читај повеќе

Мицкоски: Не купуваме нов владин авион и ќе се молиме да останеме живи

Читај повеќе

Студентите од Нови Сад до Сараево по трамвајската несреќа: Не сте сами

Читај повеќе