Инфлацијата во Шпанија во јули порасна на 3,6%, што е највисока стапка од мај 2024 година и петти месец по ред е над 3%.
Растот на цените главно е поттикнат од поскапувањето на електричната енергија и горивата, додека високата побарувачка за електрична енергија дополнително влијае врз цените поради топлотните бранови.
Цената на електричната енергија во јули достигна околу 105 евра за мегават-час, што претставува најголем меѓугодишен раст од јули 2022 година.
Шпанската влада, во меѓувреме, активираше автоматско намалување на данокот на горивата, откако меѓугодишниот раст на цената на дизелот надмина 15%. Даночното оптоварување ќе биде намалено за 20 центи по литар, наместо досегашните 5 центи.
За разлика од енергентите, растот на цените на храната забави. Во јули инфлацијата кај храната изнесувала 1,6%, најниско ниво од 2021 година. Пад на цените е забележан кај овошјето, зеленчукот и мешунките, како и кај облеката и обувките поради летните попусти.