Иран го затвори Ормускиот Проток, САД возвратија со нов бран напади врз над 140 воени цели

Макфакс
/ 12.07.2026 / 11:18

Тензиите на Блискиот Исток нагло ескалираа откако Иран соопшти дека до понатамошно известување го затвора Ормускиот Проток, една од најважните светски поморски рути за транспорт на нафта, а САД извршија нови воздушни напади врз ирански воени цели.

Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека нејзините поморски сили запреле контејнерски брод со предупредувачки истрел, обвинувајќи повеќе пловни објекти дека користеле „неодобрена рута“ низ теснецот. Во соопштението се наведува дека Ормускиот Проток ќе остане затворен сè додека не престанат американските интервенции во регионот.

Британскиот Центар за поморски трговски операции потврди дека еден брод бил напуштен во близина на брегот на Оман, откако претрпел сериозни оштетувања и пожар.

САД: Погодени над 140 цели во Иран

Американската Централна команда соопшти дека во најновата операција биле погодени повеќе од 140 воени цели, меѓу кои позиции за ракети и беспилотни летала, поморски капацитети, складишта за муниција, комуникациски мрежи и крајбрежни системи за надзор.

Според Вашингтон, нападите биле изведени како одговор на нападот врз контејнерскиот брод GFS Galaxy, кој пловел под кипарско знаме. Американските власти соопштија дека еден цивилен член на екипажот се води како исчезнат, а бродот претрпел сериозни оштетувања и не можел да го продолжи патувањето.

Американскиот секретар за одбрана, Пит Хегсет, порача дека „Иран направи лош избор и сега ја плаќа цената“.

Иран возврати со напади кон повеќе земји во регионот

По американските напади, Иран започна воздушни напади кон повеќе држави во Персискиот Залив. Според извештаите, ракетни и беспилотни напади биле регистрирани над Катар, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Јордан и Кувајт.

Властите во Катар и Обединетите Арапски Емирати соопштија дека нивната противвоздушна одбрана успешно пресретнала ракети и беспилотни летала, додека Кувајт објави дека неговите системи за воздушна одбрана дејствуваат против непријателски цели.

Во меѓувреме, Иранската револуционерна гарда тврди дека со балистички ракети ја погодила воздухопловната база „Принц Хасан“ во Јордан, наведувајќи дека биле уништени командниот центар и хангарите за беспилотни летала.

Пораки од Техеран: „Ерата на еднострани договори заврши“

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, изјави дека „ерата на еднострани договори е завршена“, обвинувајќи ги Соединетите Американски Држави дека го прекршиле договорот за прекин на огнот.

Претходно оваа недела, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека примирјето повеќе не важи, по серијата напади што се случија во изминатите денови.

реклама

Свет

Сестрата на Ким Џонг Ун му одговори на Зеленски: Неговите тврдења се неосновани

Read more

Топењето на глечер откри морничава тајна стара 34 години: Пронајдени двајца исчезнати алпинисти

Read more

AfD најави борба против „антигерманската“ култура

Read more

Патниците ги оценија авиокомпаниите: Кој доминира на светското, а кој на европското небо?

Read more

Вести

  • play_arrow

Како сцена од филм: Унгарци снимале како минуваат низ страшниот пожар кај Омиш

Читај повеќе

Сојузот на борци од Тетово бара со закон да се забрани именувањето улици во чест на фашисти

Читај повеќе

Утре времето ќе биде сончево и многу топло

Читај повеќе

Гужва на Табановце: Странци чекаат ред за да платат казни снимени од Безбеден град

Читај повеќе

Лажни пораки наводно испратени од Безбеден град стигнуваат до граѓаните, МВР со апел како да ги препознаете

Читај повеќе

Сестрата на Ким Џонг Ун му одговори на Зеленски: Неговите тврдења се неосновани

Читај повеќе

УЈП во Охрид: Сите што издаваат сместување и опрема за рекреација на вода имаат обврска да платат данок на личен доход

Читај повеќе

ЈСП пушти нова линија, ќе вози од Радишани до Карпош 3

Читај повеќе

Топењето на глечер откри морничава тајна стара 34 години: Пронајдени двајца исчезнати алпинисти

Читај повеќе