Италија прогласи петдневна жалост за смртта на папата Франциск, погребот в сабота

Макфакс/Кајгана
/ 22.04.2025 / 15:56

Советот на министрите на италијанската влада денеска прогласи петдневна национална жалост за смртта на папата Франциск.

Периодот на жалост почнува денес, потврдија владини извори, пренесува ANSA.

Советот на министрите денеска свика вонредна седница за да разгледа неколку прашања, вклучително и прогласување ден на жалост.

Папата Франциск почина во понеделникот во ватиканската резиденција „Санта Марта“ во 7:35 часот наутро од мозочен удар, проследен со кома и неповратен кардиоваскуларен колапс.

Погребот на папата Франциск ќе се одржи в сабота, 26 април, во 10 часот наутро на плоштадот пред базиликата „Свети Петар“, објави ANSA повикувајќи се на соопштението од Ватикан. За овој ден одлучено е да нема спортски активности, па сите напревари, вклучително и оние од популарната Серија А, се одложени и ќе се играат во други денови, најверојатно недела и понеделник.

Телото на папата Франциск моментно е изложено во капелата на резиденцијата „Санта Марта“, каде што тој живееше во текот на 12-те години додека беше на чело на Римокатоличката црква, објави Reuters.

На плоштадот „Свети Петар“ во Рим, денес, во 19:30 часот, ќе се одржи молитва предводена од деканот на Колеџот на кардиналите, кардиналот Џовани Батиста Ре.

реклама

Најубавиот турски ручек според ресторански рецепт

Read more

Кои апарати во домот ќе ве чинат поскапо ако ги исклучите од струја?

Read more

Колку ќе ослабете ако се откажете од јадење леб?

Read more

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Read more

Свет

Израел воведува смртна казна за учесниците во нападите од 7 октомври

Read more

САД тајно преговараат за Гренланд

Read more

Зеленски: Русија нема намера да ја прекине војната, се подготвуваме за нови напади

Read more

CNN: Путин навестува крај на војната во Украина, зошто сега?

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Израел воведува смртна казна за учесниците во нападите од 7 октомври

Читај повеќе

Фали ме, Тимчо

Читај повеќе

САД тајно преговараат за Гренланд

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема намера да ја прекине војната, се подготвуваме за нови напади

Читај повеќе

CNN: Путин навестува крај на војната во Украина, зошто сега?

Читај повеќе

Трамп: Имав договор со Иран четири или пет пати, потоа тие се предомислија

Читај повеќе

Цените на нафтата сè уште над 100 долари

Читај повеќе

Утре попладне локален пороен дожд со силен ветер, температурите до 31 степен

Читај повеќе

Општина Аеродром: Казна од 20.000 евра за незаконско фрлање отпад – нема толеранција!

Читај повеќе