Извештај: Бројот на ХИВ-позитивни руски војници пораснал за 2.000%

Макфакс
/ 02.08.2025 / 12:12

Бројот на случаи на ХИВ кај руските војници се зголемил за 2.000% од почетокот на инвазијата на Украина, според нов извештај, кој го припишува порастот и на незаштитен секс и употреба на дрога меѓу војската, како и на политичките одлуки на Кремљ.

Според извештајот на весникот Carnegie Politika, бројот на откриени случаи на ХИВ во руските вооружени сили се зголемил 13 пати до крајот на 2022 година, а 20 пати до крајот на 2024 година.

„Демографските и економските загуби кои Русија ќе ги претрпи како резултат на оваа епидемија ќе имаат последици со децении, и би можеле дури и да ја надминат штетата која ја претрпе од инвазијата на Украина“, се наведува во извештајот.

Зголемувањето на бројот на заразени се должи на неколку фактори, меѓу кои се:
– трансфузија на крв за ранети војници
– повеќекратна употреба на истиот шприц во болниците на првата линија
– незаштитен сексуален однос
– употреба на дрога меѓу војниците.

Извештајот, исто така, ја истакнува пошироката ситуација со ХИВ во Русија, која од 2022 година е меѓу петте земји во светот по број на нови случаи на ХИВ, веднаш зад Јужна Африка, Мозамбик, Нигерија и Индија.

„Нема објективна причина зошто бројот на заболени од ХИВ опаѓа низ целиот свет – освен во Русија. Причините за ова се чисто политички“, се наведува во извештајот.

Кремљ презеде голем број чекори што придонесоа за зголемување на бројот на ХИВ-позитивни лица, честопати во име на одбрана на она што го нарекува „традиционални вредности“, пишува The Kyiv Independent.

Русија ја стави хуманитарната организација на британскиот музичар Елтон Џон, која се занимава со превенција, грижа и подигнување на свеста за ХИВ и СИДА, на листата на „непожелни организации“ поради наводно „промовирање на нетрадиционални сексуални односи“, објави руското обвинителство на 3 април.

Непрофитната организација, основана во 1992 година и со седиште во Соединетите Американски Држави и Обединетото Кралство, вели дека работи во повеќе од 90 земји „со цел зголемување на пристапот до здравствена заштита, борба против стигмата кон ЛГБТК+ луѓето и искоренување на СИДА-та“.

Во својата изјава, руските обвинители тврдат дека мисијата на оваа фондација е „насочена кон промоција на нетрадиционални сексуални односи, западни семејни модели и промена на полот“.

реклама

Плескавици од јајца: Најлесен начин да ги претворите велигденските остатоци во ново јадење

Read more

Маѓар не гледа проблем во картите на Голема Унгарија: Унгарците го паметат тоа време како златно

Read more

Новата Panda што многумина ја чекаа: Бензински мотор и пониска цена

Read more

Сите го исмеваа, а сега сакаат да го посетат: Како најгрдиот град во Европа стана атрактивен?

Read more

Свет

Хезболах: Не нè интересира исходот од преговорите меѓу Либан и Израел

Read more

Германија и Украина потпишаа воени договори 

Read more

Кина му се закани на Трамп

Read more

Крај на еден од најпознатите грабежи во Европа

Read more
 

Вести

Благ пораст на цените, намалена трговска маржа кај основните производи, утврди Министерството за економија

Читај повеќе

Полицаец барал поткуп за да реши тепачка на „мирен начин“ во Струмица

Читај повеќе

Меџити: Почнува трансформацијата на Старата чаршија, инвестиција од околу 29 милиони денари

Читај повеќе

Хезболах: Не нè интересира исходот од преговорите меѓу Либан и Израел

Читај повеќе

Германија и Украина потпишаа воени договори 

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: Ако Груевски се појави во Македонија ќе биде упатен в затвор

Читај повеќе

Унгарскиот форинт вртоглаво расте по поразот на Орбан

Читај повеќе

Од полноќ поевтинуваат горивата

Читај повеќе

Кина му се закани на Трамп

Читај повеќе