Јужна Кореја стана еден од главните снабдувачи на гориво за Русија

Макфакс
/ 06.10.2026 / 08:19

Гориво од Јужна Кореја пристигнува во Русија – делумно преку танкери кои се под санкции – во време кога Москва се соочува со недостиг на залихи поради војната во Украина. Анализата на пристаништните евиденции и податоците за следење на пловила открива дека, во текот на јули и август, повеќе од 176.000 тони гориво – првенствено дизел – биле натоварени на 7 танкери во неколку јужнокорејски пристаништа. Овие пловила извршиле вкупно 14 патувања до рускиот Далечен Исток, пренесува The Guardian.

Три од седумте користени пловила биле предмет на санкции воведени од Обединетото Кралство и Европската Унија. Едно од нив го презело својот товар преку префрлање од брод на брод во јужнокорејските води. Ваквите методи можат да се користат за прикривање на потеклото на товарот и за да им се овозможи на пловилата да избегнат пристанување на пристанишнтите терминали.

„Шокантно е што танкери кои се под санкции на ЕУ натовариле гориво во јужнокорејски пристаништа и го транспортирале во Русија“, изјави Ајзак Леви, аналитичар во Центарот за истражување на енергија и чист воздух (CREA) со седиште во Финска. „Ова го поткопува режимот на санкции и поддршката на Јужна Кореја за Украина.“

Сеул испрати хуманитарна помош и несмртоносна воена опрема – како што се шлемови, панцири и возила за деминирање – во Украина. Во 2023 година, земјата исто така вети поддршка од 2,3 милијарди долари, првенствено во форма на заеми. И покрај тоа, Јужна Кореја долго време се обидува да постигне рамнотежа меѓу поддршката за Украина и желбата за подобрување на односите со Русија.

Капацитетот на Русија за преработка на нафта е значително намален поради нападите со украински беспилотни летала. Според податоците на Меѓународната агенција за енергетика, преработката во руските рафинерии во јуни паднала на најниско ниво во последните повеќе од 20 години.

Производството на дизел е намалено за речиси 30% во споредба со минатата година. Украинската воена разузнавачка служба (ХУР) тврди дека Москва е принудена да увезува нафтени деривати за да ја снабдува својата воена машинерија.

реклама

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Read more

Посебен режим на сообраќај во Центар поради трка

Read more

Како пиењето кафе на празен стомак влијае на здравјето?

Read more

Симптоми што може да укажуваат на рак, а често се припишуваат на други здравствени проблеми

Read more

Свет

Руски ракетен напад врз Киев: Петмина повредени, оштетени станбени згради и градинка

Read more

Трамп потврди нови американски напади врз Иран

Read more

Светските цени на храната паднаа по 4 години, најголемо поевтинување кај житариците

Read more

Нови закани за бомби во Европа: Еден авион пренасочен, друг слета во Лисабон

Read more

Вести

Маж пронајден починат на улица во Гостивар, телото дадено на обдукција

Читај повеќе

Нема напредок во историската комисија со Бугарија: Без договор за Охридската архиепископија и одбележувањето на Даме Груев

Читај повеќе

Руски ракетен напад врз Киев: Петмина повредени, оштетени станбени згради и градинка

Читај повеќе

Трамп потврди нови американски напади врз Иран

Читај повеќе

Светските цени на храната паднаа по 4 години, најголемо поевтинување кај житариците

Читај повеќе
  • filter

Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блесна – гордоста на Скопје во полн сјај!

Читај повеќе

Викендов можни прекини на банкарските услуги

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Центар поради трка

Читај повеќе

Променливо облачно со сончеви периоди, утринска магла во котлините

Читај повеќе