Како изгледа сега воздушниот простор над Иран, Израел, Јордан и Ирак?

Воздушниот простор над Иран, Израел, Јордан и Ирак е целосно затворен, а сите комерцијални летови се суспендирани по нападот на Израел врз Иран, според податоците од платформата Flightradar24.

Тековната мапа на воздушниот сообраќај покажува дека нема летови над тие четири земји, што ја потврдува степенот на вонредна состојба во регионот.

Израел, Иран, Јордан и Ирак официјално објавија затворање на воздушниот простор и заземјување на сите летови, додека Ер Франс утрово објави дека ги суспендира летовите до и од Тел Авив до понатамошно известување.

Да потсетиме дека синоќа Израел изврши обемен воздушен напад врз неколку цели во Иран како дел од операцијата наречена „Исправен лав“. Според израелски воени извори, погодени се објекти поврзани со нуклеарната програма на Иран и воени локации, вклучувајќи го и клучниот комплекс за збогатување ураниум во Натанц. МААЕ потврди дека Натанц е меѓу нападнатите локации и е во контакт со иранските власти за следење на нивото на зрачење.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека целта на операцијата е да се „неутрализира егзистенцијална закана“, истакнувајќи дека Иран со години развива нуклеарни капацитети и отворено се заканува дека ќе го уништи Израел. Иран го затвори својот воздушен простор, а израелската војска го зголеми нивото на тревога за можен одговор, вклучително и лансирање беспилотни летала и ракети од Иран и територии контролирани од проирански групи.

Тагови
реклама

Кој ги нападна бродовите крај бугарскиот брег? Зеленски вели едно, Бугарите – друго

Read more

Роналдо детално и долго ја објасни својата верзија за напуштањето на репрезентацијата

Read more

3 трикови како да изберете квалитетно маслиново масло

Read more

Трамп: Наскоро ќе му се јавам на Путин во врска со она што се случи во Сибир

Read more

Свет

Три години од масакрот на 7 октомври во Израел: Сите што беа на власт мора да си заминат

Read more

Трамп: Наскоро ќе му се јавам на Путин во врска со она што се случи во Сибир

Read more

Ким му го честита роденденот на најдрагиот пријател Путин: Ќе победи во светата војна

Read more

Кос за новите клаузули за идните членки: Тоа е еден вид осигурување

Read more

Вести

ВЛЕН: Народот врзува крај со крај, а за пасошот на Груби се ставаат над 335 илјади евра на маса

Читај повеќе

Виш јавен обвинител во Битола влијаел врз одлуки на колеги и ургирал за пониски казни

Читај повеќе

Три години од масакрот на 7 октомври во Израел: Сите што беа на власт мора да си заминат

Читај повеќе
  • play_arrow

Кој ги нападна бродовите крај бугарскиот брег? Зеленски вели едно, Бугарите – друго

Читај повеќе

Трамп: Наскоро ќе му се јавам на Путин во врска со она што се случи во Сибир

Читај повеќе
  • play_arrow

Косово има нова претседателка

Читај повеќе

Ким му го честита роденденот на најдрагиот пријател Путин: Ќе победи во светата војна

Читај повеќе

Ќе нема струја во делови од повеќе скопски населби

Читај повеќе

Ќе нема вода улица во Тафталиџе II

Читај повеќе