Најмалку 12 загинати и 23 исчезнати во големиот шумски пожар во Шпанија

Макфакс
/ 11.07.2026 / 05:09

Најмалку 23 лица и натаму се водат како исчезнати во големиот шумски пожар што го зафати регионот Леванте Алмериенсе во шпанската покраина Андалузија. Во пожарот досега загинаа 12 лица, а пожарникарите и понатаму се борат со огнената стихија.

 

Според локалните власти, пожарот продолжува да се шири поради неповолните временски услови и силниот ветер. До петокот вечерта огнот зафатил околу 4.000 хектари вегетација, пренесуваат шпанските медиуми.

Најзагрозени општини

Најтешко погодени се општините Лос Гаљардос и Бедар, а огнената линија се заканува и на подрачјата Туре, Антас, Мохакар и Гаруча.

Во гаснењето учествуваат повеќе од 500 припадници на службите за итни случаи, со поддршка од 32 авиона и 13 противпожарни возила.

Силните ветрови дополнително придонесуваат за брзо ширење на огнот и го отежнуваат неговото ставање под контрола.

Евакуирани илјадници жители

Илјадници жители се евакуирани од загрозените подрачја, а повеќе од 1.400 луѓе во моментов се сместени во привремени засолништа во Гаруча и Лубрин, соопшти андалузискиот министер за итни ситуации Антонио Санс.

Властите информираа дека 12 извршени обдукции на телата на загинатите сè уште не овозможиле нивна идентификација.

Истрага за паднатиот далновод

Експертите оценуваат дека пожарот во Лос Гаљардос би можел да стане еден од најсмртоносните во историјата на Андалузија и еден од најтешките шумски пожари во Шпанија во последните децении.

Според првичните истраги, се проверуваат наводите дека паднат далновод можеби бил причина за избувнувањето на пожарот.

Регионалните власти се сомневаат дека дел од жртвите биле странски туристи, кои се обиделе да го напуштат подрачјето преку пат што не бил предвиден за евакуација, по што биле зафатени од пламените јазици.

реклама

Свет

Сестрата на Ким Џонг Ун му одговори на Зеленски: Неговите тврдења се неосновани

Read more

Топењето на глечер откри морничава тајна стара 34 години: Пронајдени двајца исчезнати алпинисти

Read more

AfD најави борба против „антигерманската“ култура

Read more

Патниците ги оценија авиокомпаниите: Кој доминира на светското, а кој на европското небо?

Read more

Вести

  • play_arrow

Како сцена од филм: Унгарци снимале како минуваат низ страшниот пожар кај Омиш

Читај повеќе

Сојузот на борци од Тетово бара со закон да се забрани именувањето улици во чест на фашисти

Читај повеќе

Утре времето ќе биде сончево и многу топло

Читај повеќе

Гужва на Табановце: Странци чекаат ред за да платат казни снимени од Безбеден град

Читај повеќе

Лажни пораки наводно испратени од Безбеден град стигнуваат до граѓаните, МВР со апел како да ги препознаете

Читај повеќе

Сестрата на Ким Џонг Ун му одговори на Зеленски: Неговите тврдења се неосновани

Читај повеќе

УЈП во Охрид: Сите што издаваат сместување и опрема за рекреација на вода имаат обврска да платат данок на личен доход

Читај повеќе

ЈСП пушти нова линија, ќе вози од Радишани до Карпош 3

Читај повеќе

Топењето на глечер откри морничава тајна стара 34 години: Пронајдени двајца исчезнати алпинисти

Читај повеќе