Најмалку 39 загинати во судир на два воза во Шпанија

Макфакс
/ 19.01.2026 / 13:57

Во судир меѓу два брзи воза во Адамус, во близина на Кордоба, Шпанија, загинаа најмалку 39 лица, а повеќе од 150 се повредени. Трагичната несреќа се случила кога еден од возовите излетал од шините и преминал на соседната пруга.

Несреќата се случила вчера околу 19:40 часот кога последните три вагони од возот Iryo, кој превезувал 317 патници на линијата Малага-Мадрид, излетале од шините на влезот во Адамус. Вагоните преминале на соседната пруга, на која во тој момент минувал возот Renfe од Мадрид до Уелва во спротивна насока, со брзина од околу 200 км/ч, што, исто така, предизвикало и негово излегување од шините.

Возот Iryo бил произведен во 2022 година, и последен пат бил проверен на 15 јануари. Несреќата се случила на рамен дел од пругата, што го потврди и министерот за транспорт, Оскар Пуенте.

Во возот имало 294 лица, вели компанијата што го поседува возот што прв излета од шините. Петмина се во критична состојба, а 24 лица се сериозно повредени. Според информациите од Цивилната гарда и владата на Андалусија, сведоштвата на преживеаните зборуваат за хаос, заробени патници и згмечени и превртени вагони, објавува El País.

Поради сериозната несреќа, премиерот на Шпанија, Педро Санчес, ја откажа посетата на Светскиот економски форум, кој се одржува во Давос, Швајцарија, од 19 до 23 јануари.

Санчес ги откажа сите планирани обврски за добивање информации од прва рака за ситуацијата по излетувањето на два брзи воза што се случи вчера.

Remote video URL
реклама

Јахтата на Закерберг не одговори на повик за помош во Алјаска

Read more

Денвер на смешен начин ја одбил понудата на Панатинаикос за Јокиќ летово

Read more

Трамп потпиша: Отсега па натаму, за деца се препорачуваат само 11 вакцини

Read more

10 август е краен рок: Дали ги заштитивте вашите фотографии на Google Photos?

Read more

Свет

Еболата брзо се шири во ДР Конго: Бројот на смртни случаи надмина 2.000

Read more

Земја каде што има 30 милиони повеќе мажи од жени: Експресните бракови ги водат Кинезите во финансиски проблеми

Read more

Трамп потпиша: Отсега па натаму, за деца се препорачуваат само 11 вакцини

Read more

Русија ги преплави украинските градови со балистички ракети: 5 мртви во Запорожје

Read more

Вести

Еболата брзо се шири во ДР Конго: Бројот на смртни случаи надмина 2.000

Читај повеќе

Левица: Власта го сведе животот на работникот на „препорака“ – газдата одлучува дали пеколните температури се доволно опасни

Читај повеќе

ЕЦБ ѝ одобри траен пристап на Народната банка до ЕУРЕП: Зголемена репо-линија во максимален износ од 50 милијарди евра

Читај повеќе

Земја каде што има 30 милиони повеќе мажи од жени: Експресните бракови ги водат Кинезите во финансиски проблеми

Читај повеќе

Трамп потпиша: Отсега па натаму, за деца се препорачуваат само 11 вакцини

Читај повеќе

Од 9 часот ќе нема струја во дел од Центар и Сопиште

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Русија ги преплави украинските градови со балистички ракети: 5 мртви во Запорожје

Читај повеќе

Денеска и во среда сончево и многу топло, в четврток пороен дожд, ветер и грмежи

Читај повеќе
  • play_arrow

Разорен земјотрес ја погоди Колумбија, најмалку 49 загинати

Читај повеќе