Науру си го смени интернационалното име, стана Наоеро

Малата островска држава позната како Науру, која се наоѓа во Тихиот Океан, официјално го усвои името Република Наоеро.

Локалниот парламент одобри уставен амандман за враќање на традиционалното име кое се користело во претколонијалните времиња.

„Република Наоеро е новата официјална ознака за она што претходно беше познато како Науру. Скратената форма ќе биде Наоеро, со ажуриран код во NRO, а народот ќе се нарекува деи-Наоеро“, се вели во соопштението на владата.

Одлуката на владата има за цел да го почитува наследството и идентитетот на локалното население, бидејќи терминот Науру се прошири на меѓународно ниво, делумно поради тешкотиите што странците ги имаа при изговорот на домородното име.

Процесот вклучува и меѓународни институции, при што кодот на државата се менува од NRU во NRO и се ажурира регистарот за граѓани. Како отсега ќе се нарекуваат жителите на оваа земја на македонски јазик (досега беа Наурци) ќе треба официјална потврда оти владата на Наоеро побара тие да бидат меѓународно условувани како деи-Наоеро.

Наоеро е третата најмала држава во светот со површина од само 21 квадратен километар. Трета најмала е и по бројот на жители, однос 12 илјади.

Науру долго бил населен од Микронезијци пред да биде откриен од британскиот капетан Џон Ферн со бродот Hunter во 1798 година.

Островот бил анектиран од Германија во 1888 година и со германското владење почнало и ширењето на името Науру. По поразот на Германија во Првата светска војна, во 1923 година Друштвото на нациите го дало Науру на управување на Австралија, додека Обединетото Кралство управувало со наоѓалиштата на фосфат, со кои изобилувал островот.

На 31 јануари 1968 година Науру станал независен, отцепувајќи се од Австралија. По независноста го усвоил англиското име Науру, но сега, 58 години подоцна, одлучи да сиу го врати домородното оригинално име. Покрај наурскиот јазик, кој припаѓа на астронезиската група на јазици, на островот официјален е и англискиот.

Интересно, Науру официјално нема главен град, но за таков де факто се смета Јарен оти таму е парламентот. Најголем град на островот е Денигомоду.

Знамето на Наоеро
Тагови
реклама

Разбиена озлогласената „Дубаи Банка“ што переше пари за нарко-картели 

Read more

Винисиус го покажа на дело новото правило во ЛШ

Read more

Млада Месечина во Девица на 11 септември: Големо ресетирање за секој хороскопски знак

Read more

22-годишната Зејнеп е новиот тренер на машката екипа на Тургутлуспор

Read more

Свет

ЕУ ги менува правилата за јавни набавки: Најевтината понуда повеќе нема да биде пресудна

Read more

Германија ќе му доставува на Киев податоци за Украинците способни за воена служба

Read more

Американската војска уништи 5 ирански танкери, Техеран веднаш возврати

Read more

Швеѓаните излегуваат на избори, властите се плашат од манипулација со AI

Read more

Вести

ЕУ ги менува правилата за јавни набавки: Најевтината понуда повеќе нема да биде пресудна

Читај повеќе

Црна Гора бара полноправно членство во ЕУ: Не прифаќаме статус на членка од втор ред

Читај повеќе

Германија ќе му доставува на Киев податоци за Украинците способни за воена служба

Читај повеќе

Утре сончево и топло, попладне со услови за дожд, грмежи и засилен ветер

Читај повеќе

Боите на слободата во Музеј на Македонија

Читај повеќе

Сексуалното образование оди на ревизија

Читај повеќе

Мицкоски не кажа колку пари е настапот на Давид Гета оти и граѓаните и буџетот настаните ги чинат 0 денари, сè платиле компании

Читај повеќе

Американската војска уништи 5 ирански танкери, Техеран веднаш возврати

Читај повеќе

Само 32% од учениците го достигнале основното ниво по математика, Јаневска: Резултатите се многу лоши

Читај повеќе