Нов удар врз џебовите на потрошувачите во ЕУ: цените на храната во Холандија скокнаа до 10 проценти

Макфакс
/ 10.06.2026 / 20:56

Цените на храната во Холандија би можеле да пораснат до 10% во текот на следната година поради новите владини мерки и зголемувањето на трошоците за бизнис, предупреди холандската асоцијација на супермаркети CBL.

Во итно писмо до владата, асоцијацијата наведе дека планираниот данок на шеќер, патарините за камиони, даноците за енергија, зголемувањето на минималната плата и минималната плата за младите, како и дополнителните национални прописи што ги надминуваат барањата на Европската Унија, значително ќе ги зголемат трошоците, објавува NL Times.

Довербата на потрошувачите е сè уште на ниско ниво, додека клиентите сè повеќе обрнуваат внимание на цените, додава CBL.

Супермаркетите во пограничните области на Холандија се особено погодени, бидејќи даночните правила се разликуваат од оние во соседните земји.

„Сè почесто забележуваме дека жителите на пограничните региони купуваат намирници и други производи, како што е гориво, во Германија или Белгија“, се наведува во соопштението.

Супермаркетите предупредуваат дека новите мерки, заедно со зголемувањето на цените предизвикано од глобалните економски трендови и војната на Блискиот Исток, би можеле дополнително да ги зголемат трошоците за живот.

„Во зависност од производот, потребни се помеѓу 4 и 12 месеци за зголемените трошоци да се одразат на малопродажните цени“, забележува CBL.

Тагови
реклама

Свет

Американците ќе одлучат за судбината на браќата Тејт

Read more

Авиосообраќајот во Европа: Што ќе се промени за патниците во 2027 година?

Read more

Кој е Енди Бернам  - новиот премиер на Велика Британија кој најавува големи промени

Read more

Трамп: Жестоко го нападнавме Иран во чест на убиените американски војници

Read more

Вести

Владата ги намали акцизите: Бензините наместо 4 поскапеа 3 денари, а дизелот наместо 8 поскапе 6 денари

Читај повеќе

Ново големо поскапување на горивата од полноќ

Читај повеќе

Рекордна казна за AliExpress: 550 милиони евра за продажба на опасни и нелегални производи

Читај повеќе
  • play_arrow

Уапсена директорката на „Комуналец“ во Гостивар и уште двајца вработени 

Читај повеќе
  • play_arrow

Американците ќе одлучат за судбината на браќата Тејт

Читај повеќе

Авиосообраќајот во Европа: Што ќе се промени за патниците во 2027 година?

Читај повеќе

Семејно насилство: Потребен е систем кој се прилагодува на жртвата, а не жртвата на системот

Читај повеќе

Клековски: 3.100 лица од Гостивар побарале помош за стомачни проблеми, има деца од 1-2 години и возрасни од 80 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Кој е Енди Бернам  - новиот премиер на Велика Британија кој најавува големи промени

Читај повеќе