Ново истражување: Американскиот напад уништи само една од трите ирански нуклеарни постројки

Макфакс
/ 17.07.2025 / 13:45

Нова американска истрага заклучи дека американските напади во јуни во голема мера уништиле еден од трите нуклеарни објекти на Иран, но дека другите два не биле толку оштетени, објави NBC News повикувајќи се на сегашни и поранешни американски функционери.

Во извештајот се тврди дека нападот врз иранскиот нуклеарен објект Фордоу бил успешен во забавувањето на напорите за збогатување ураниум за речиси две години.

Другите два објекта не биле толку оштетени и збогатувањето би можело да продолжи во следните неколку месеци, доколку Иран така одлучи.

Портпаролката на Белата куќа, Ана Кели, за NBC изјави дека „како што претседателот претходно рече, а експертите потврдија, операцијата ‘Полноќен чекан’ целосно ги уништи нуклеарните капацитети на Иран“.

Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, за истиот медиум изјави дека Трамп „бил јасен, а американскиот народ разбрал: нуклеарните објекти на Иран во Фордоу, Есфахан и во Натанз беа целосно уништени и дека нема сомнение за тоа.

САД минатиот месец почнаа напади врз иранските нуклеарни постројки тврдејќи дека Иран работи на развој на нуклеарно оружје. Техеран инсистира дека неговиот нуклеарен развој е само за цивилни цели.

Првичната проценка на Агенцијата за одбранбено разузнавање на САД во јуни сугерира дека нападите можеби само ја забавиле нуклеарната програма на Иран за неколку месеци. Но, претставници на администрацијата на Трамп рекоа дека оваа проценка е несигурна и е спротивна на разузнавачките информации што покажуваат дека нуклеарната програма на Иран е сериозно оштетена.

Според иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, нападите врз Фордоу предизвикале голема штета, објавува Reuters.

Тагови
реклама

Спа центар на извори стари 80.000 години, ноќевање само 400 денари

Read more

Голем финансиски хороскоп за ЈУЛИ 2026 година

Read more

Клубот му забрани на Белгиецот Дебаст денеска да игра против Шпанија

Read more

Венера влезе во Девица на 9 јули: Што значи тоа за вашиот хороскопски знак?

Read more

Свет

Идниот британски премиер повика на поголем притисок врз Израел

Read more

Русија го осудува самитот на НАТО: Нивните одлуки би можело да имаат катастрофални последици

Read more

Има план за атентат на Доналд Трамп, тврдат Израелците 

Read more

Падна далновод во Шпанија, избувна пожар, има најмалку 12 мртви

Read more

Вести

Европа е во големи проблеми: Нов притисок врз горивата

Читај повеќе

Идниот британски премиер повика на поголем притисок врз Израел

Читај повеќе

Русија го осудува самитот на НАТО: Нивните одлуки би можело да имаат катастрофални последици

Читај повеќе

Вештачењето откри колку напаѓачи пукале во Нешовиќ и од која далечина

Читај повеќе
  • play_arrow

Референдум за излез од НАТО предлага претседателот на словенечкиот парламент  

Читај повеќе

Има план за атентат на Доналд Трамп, тврдат Израелците 

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Падна далновод во Шпанија, избувна пожар, има најмалку 12 мртви

Читај повеќе
  • play_arrow

Црногорскиот претседател: Европскиот пат не е откажување од нашиот идентитет

Читај повеќе

Израел: Подготвени сме да го нападнеме Иран по трет пат ако е потребно

Читај повеќе