Објавена мапа на американските напади врз Иран

Институтот за проучување на војната (ISW) објави мапа и анализа на синоќешните американски воздушни напади врз цели во јужен Иран, што дојде како директен одговор на обидот на Иран за напад врз американските разурнувачи во Ормутскиот Теснец. 

Централната команда на САД (CENTCOM) потврди дека нејзините сили „ги елиминирале дојдовните закани“ и ги погодиле иранските воени објекти одговорни за нападите.

Според официјалниот извештај, иранските сили испукале повеќе ракети, лансирале дронови и испратиле брзи бордови за напад врз американските разурнувачи USS Truxtun, USS Rafael Peralta и USS Mason додека минувале низ теснецот. 

CENTCOM нагласи дека ниедна иранска ракета не ги погодила американските бродови, што предизвикало жестока одмазда.

Погодени клучни пристаништа и командни пунктови 

Нападите на САД биле насочени кон места за лансирање ракети и дронови, командни и контролни центри и разузнавачки и надзорни пунктови. Висок американски функционер потврди за Fox News дека биле погодени три клучни локации:

Пристаниште Бахман на островот Кешм (потврдена цел)

Неидентификувана воена цел во градот Бандар Абас, покраината Хормозган

Поморскиот контролен пункт Бандар Карган, исто така во покраината Хормозган

CENTCOM соопшти дека САД „не бараат ескалација на конфликтот“, а високи функционери додадоа дека овие напади не значат формално враќање во воена состојба, туку претставуваат одбранбен одговор на заканите кон американските сили.

Иран им се заканува на цивилите во Емиратите

Од друга страна, иранските медиуми тврдат дека Техеран испукал ракети кон американски бродови јужно од пристаништето Чабахар, наводно како одговор на американското пукање врз два ирански брода. 

Портпаролот на Централниот штаб на Хатам ол Анбија, Ебрахим Золфагари, издаде предупредување до цивилите во Обединетите Арапски Емирати.

Золфагари ги повика жителите на ОАЕ да „се држат подалеку од нафтените и воените центри“, сугерирајќи дека иранските напади врз земјата би можеле да продолжат. 

Да потсетиме дека на 4 и 5 мај, Иран веќе изврши низа напади врз Емиратите, вклучително и напад врз индустриската зона на пристаништето Фуџаира, клучна точка што ОАЕ ја користи за да го избегне сообраќајот низ блокираниот Ормутски Теснец.

Тагови
реклама

Хирон влегува во Бик по 50 години: Голема среќа за 3 хороскопски знаци

Read more

Крај на доплатата за рачен багаж во Европа: Бесплатен куфер со секоја карта од 2027 година

Read more

Трамп преку ноќ го укина пристапот на Европа до најмоќните AI модели

Read more

Запознајте ја земјата што ја сопре Шпанија: Зелен ’Рт е скриен бисер на Атлантскиот Океан

Read more

Свет

Хилари Клинтон: Џо Бајден направи ужасна грешка

Read more

Колапс на кубанскиот туризам

Read more

Лавров: Би било добро ако Украина се приклучи на ЕУ, тогаш би се распаднала

Read more

Објавен договорот меѓу САД и Иран, има 14 точки

Read more

Вести

Родителите на Коста К. слушнале снимка од разговорот со полицијата во кој го признава масакрот

Читај повеќе

Осум години од потпишувањето на Преспанскиот договор

Читај повеќе

Хилари Клинтон: Џо Бајден направи ужасна грешка

Читај повеќе

Колапс на кубанскиот туризам

Читај повеќе

Скопјанецот кој запали дипломатски возила бензинот го купил од бензинска во близина на бугарската амбасада

Читај повеќе

Лавров: Би било добро ако Украина се приклучи на ЕУ, тогаш би се распаднала

Читај повеќе

Објавен договорот меѓу САД и Иран, има 14 точки

Читај повеќе

ЦУК: До 18 часот регистрирани се 14 пожари на отворено

Читај повеќе

Невреме во Скопје и Куманово, утре попладне повторно пороен дожд и грмежи

Читај повеќе