Објавени снимки од експлозиите во нуклеарниот комплекс на Иран

Израел изврши голем воздушен напад во текот на ноќта против повеќе цели во Иран како дел од операцијата „Исправен лав“.

Според израелски воени извори, погодени се објекти поврзани со нуклеарната програма на Иран и воени локации, вклучувајќи го и клучниот комплекс за збогатување на ураниум во Натанц. МААЕ потврди дека Натанц е меѓу нападнатите локации и е во контакт со иранските власти за следење на нивоата на зрачење.

Во меѓувреме, се појавија снимки на кои наводно се гледаат експлозии во иранскиот нуклеарен комплекс во Натанц.

Во текот на денот, Израел изврши нов бран воздушни напади на иранска територија, вклучувајќи ги градовите Тебриз и Шираз и нуклеарниот објект Натанц, објавија иранските медиуми во петокот.

Израелските медиуми објавија дека Иран возвратил со околу стотина беспилотни летала, но дека сите биле соборени.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека целта на операцијата е да се „неутрализира егзистенцијална закана“, истакнувајќи дека Иран со години развива нуклеарни капацитети и отворено се заканува дека ќе го уништи Израел.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, претходно ги нарече израелските напади објава на војна и додаде дека Израел ги преминал сите црвени линии, јавува иранската агенција ИРНА.

Аракчи го повика Советот за безбедност на Обединетите нации на итна седница по повод овие напади.

Тагови
реклама

Кина ги проби границите на фузијата: Вештачкото сонце го доближува човештвото до неисцрпна чиста енергија

Read more

Кинезите открија како најефикасно да извлекуваат злато од електронски отпад

Read more

Список на уреди што ќе станат небезбедни за употреба во 2026 година

Read more

Најглупавите мегапроекти во светот

Read more

Свет

Франција ќе отвори конзулат во Гренланд

Read more

Русија: Нема да се откажеме од венецуелската нафта

Read more

Бил и Хилари Клинтон одбија да сведочат за Епстин пред Конгресот

Read more

Трамп им порача на иранските демонстранти: Продолжете да протестирате, помошта доаѓа

Read more
 

Вести

Франција ќе отвори конзулат во Гренланд

Читај повеќе

Без струја денеска делови од Центар и Аеродром

Читај повеќе

Сончево време со температури до 10°C

Читај повеќе

Русија: Нема да се откажеме од венецуелската нафта

Читај повеќе

Бил и Хилари Клинтон одбија да сведочат за Епстин пред Конгресот

Читај повеќе

Наташа Бошкова, Јордан Апостолски и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права

Читај повеќе

Трамп им порача на иранските демонстранти: Продолжете да протестирате, помошта доаѓа

Читај повеќе

Во Република Српска масовно се величаат воени злосторници: Додик ги пофали Младиќ и Караџиќ

Читај повеќе

HELLENiQ ENERGY: Започна протокот на нафта од Солун кон Скопје

Читај повеќе