Патниците ги оценија авиокомпаниите: Кој доминира на светското, а кој на европското небо?

Која авиокомпанија нуди најдобра услуга, најкомфорна економска класа и најголемо чувство на безбедност? Самите патници го дадоа одговорот, а резултатите од овогодинешниoт избор донесоа убедлива победа на азиските превозници. Европските авиокомпании останаа во втор план.

Секоја година се објавуваат различни рангирања на авиокомпании, од оние што се сметаат за најбезбедни до оние што летаат најчесто. Сепак, повеќето од овие листи се базираат на оценки од експерти. Овој пат, ситуацијата е поинаква: новото рангирање се базира исклучиво на гласовите на патниците.

Наградите Flyers' Choice Awards 2026, организирани од AirlineRatings.com, ги опфати најдобрите авиокомпании во различни категории, вклучувајќи ги Омилен нискобуџетен превозник, Најдобар дизајн на авион, Најдобра униформа за кабински персонал, Најдобра бизнис класа и Најдобра економска класа.

Оваа година, едно име особено се издвои - Singapore Airlines.

Компанијата освои 4 награди: за Омилена авиокомпанија во економска класа, Најдобра услуга на кабинскиот персонал, Најдобра авиокомпанија во Централна и Југоисточна Азија, како и за Превозник кој им обезбедува на патниците најголемо чувство на безбедност и спокојство.

Кабински персонал во Singapore Airlines

„Имаме голема среќа што живееме во свет каде што патниците имаат толку многу авиокомпании што им нудат безбедни, сигурни и смирувачки искуства“, рече Шерон Питерсен, извршна директорка на AirlineRatings.com.

Таа истакна дека резултатите на компании како Singapore Airlines и Qantas во категоријата поврзана со чувството на безбедност и доверба се особено значајни, бидејќи покажуваат колку е важна довербата што превозниците ја изградиле со своите патници во текот на годините.

„Довербата во авиокомпанијата се гради со текот на времето, а овие резултати покажуваат колку конзистентноста во квалитетот значи за патниците“, рече Питерсен.

Како поминаа европските авиокомпании?

Кога станува збор за европските превозници, резултатите не беа особено импресивни.

Фото: Филип Здравески (Кајгана)

Британската easyJet го подели третото место меѓу најдобрите нискобуџетни авиокомпании во светот со австралиската Jetstar. Виетнамската Vietjet Air се најде на првото место, додека AirAsia беше втора.

Категоријата Авиокомпанија што обезбедува најголемо чувство на безбедност и безгрижност беше единствената во која беа објавени повеќе од три најдобри места. Единствениот европски авиопревозник што се пласираше меѓу првите шест беше airBaltic, на шестото место. Пред него се најда Singapore Airlines, Qantas и Etihad Airways.

Европските авиокомпании не успеаја да освојат водечки позиции во категориите за Најдобар дизајн на авиони, Најдобра бизнис класа, Најдобра премиум економска и економска класа, Најдобра униформа за кабински персонал и Најдобра услуга од кабински персонал.

Сепак, кога станува збор за омилени авиокомпании во Европа, патниците најмногу ги издвоија British Airways, Lufthansa и KLM.

Комплетните резултати можете да ги погледнете тука.

реклама

Разбиена озлогласената „Дубаи Банка“ што переше пари за нарко-картели 

Read more

Винисиус го покажа на дело новото правило во ЛШ

Read more

Млада Месечина во Девица на 11 септември: Големо ресетирање за секој хороскопски знак

Read more

22-годишната Зејнеп е новиот тренер на машката екипа на Тургутлуспор

Read more

Свет

ЕУ ги менува правилата за јавни набавки: Најевтината понуда повеќе нема да биде пресудна

Read more

Германија ќе му доставува на Киев податоци за Украинците способни за воена служба

Read more

Американската војска уништи 5 ирански танкери, Техеран веднаш возврати

Read more

Швеѓаните излегуваат на избори, властите се плашат од манипулација со AI

Read more

Вести

ЕУ ги менува правилата за јавни набавки: Најевтината понуда повеќе нема да биде пресудна

Читај повеќе

Црна Гора бара полноправно членство во ЕУ: Не прифаќаме статус на членка од втор ред

Читај повеќе

Германија ќе му доставува на Киев податоци за Украинците способни за воена служба

Читај повеќе

Утре сончево и топло, попладне со услови за дожд, грмежи и засилен ветер

Читај повеќе

Боите на слободата во Музеј на Македонија

Читај повеќе

Сексуалното образование оди на ревизија

Читај повеќе

Мицкоски не кажа колку пари е настапот на Давид Гета оти и граѓаните и буџетот настаните ги чинат 0 денари, сè платиле компании

Читај повеќе

Американската војска уништи 5 ирански танкери, Техеран веднаш возврати

Читај повеќе

Само 32% од учениците го достигнале основното ниво по математика, Јаневска: Резултатите се многу лоши

Читај повеќе