Пет европски земји: Навални бил отруен со токсин што го има во еквадорски жаби

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални почина во затвор откако беше отруен со смртоносен токсин што се наоѓа во отровни еквадорски жаби, тврдат пет европски земји.

Станува збор, како што рекоа, за „варварски“ чин во кој е употребен невротоксин класифициран како хемиско оружје, кој, според нивните тврдења, можел да го употреби само режимот на рускиот претседател Владимир Путин.

Навални почина на 16 февруари 2024 година, во казнена колонија во Сибир, на 47-годишна возраст. Не е познато како наводно бил администриран отровот, наречен епибатидин, пишува Sky News.

Епибатидинот е моќен невротоксин пронајден кај одредени видови отровни жаби во Еквадор. Според достапните податоци, тој е дури 200 пати појак од морфинот. Домородните племиња во Јужна Америка наводно го користат кога ловат, нанесувајќи го на стрели или дувачки пушки.

Навалнаја: Тешко ми е да ги најдам вистинските зборови

Резултатите од истрагата ги објави Јулија Навалнаја, вдовицата на рускиот дисидент, на прес-конференција на маргините на Минхенската безбедносна конференција. Таа беше придружувана од министрите за надворешни работи на Обединетото Кралство, Германија, Шведска и Холандија.

Овие четири земји, заедно со Франција, работеа заедно во последните месеци за да ја утврдат причината за смртта на Навални. Тие планираат да ги достават своите наоди до Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW), телото на Обединетите нации одговорно за следење на спроведувањето на Конвенцијата за забрана на хемиско оружје.

„Тешко ми е да ги најдам вистинските зборови“, рече Навална на англиски, видливо потресена. Таа беше во Минхен и на 16 февруари 2024 година, кога беше соопштена веста за смртта на нејзиниот сопруг.

„Тоа беше најлошиот ден во мојот живот. Излегов на сцената и реков дека мојот сопруг, Алексеј Навални, бил отруен. Што друго можеше да му се случи на непријателот број еден на Путин во руски затвор? Но, сега разбирам и знам дека ова не се само зборови. Тоа е научно докажано“, нагласи таа.

Руските власти претходно тврдеа дека смртта на Навални не била сомнителна и дека починал од „комбинирани болести“, вклучително и нарушување на срцевиот ритам.

Министерката за надворешни работи на Велика Британија, Ивет Купер, изјави дека Велика Британија и сојузниците работат „со неуморна решителност“ за да утврдат што навистина се случило.

Според достапните информации, британските научници од лабораториите Porton Down одиграле клучна улога во идентификувањето на токсинот. Не беше веднаш јасно како ги добиле примероците, но Навалнаја претходно тврдеше дека примероците биле шверцувани од Русија.

„Како резултат на работата на Обединетото Кралство, Шведска и други партнери, потврдивме дека во телото на Алексеј Навални е пронајден смртоносен токсин. Тој токсин е идентификуван како отров пронајден во отровни еквадорски жаби“, истакна Купер.

Таа додаде дека „само руската влада имала средства, мотив и можност да го употреби тој токсин против Алексеј Навални во затвор“ и дека целта на денешниот говор е „да се фрли светлина врз варварскиот обид на Кремљ да го замолчи неговиот глас“.

Навални беше погребан во март 2024 година во предградие на Москва. 
Шефот на шведската дипломатија: Ова е начин да се зголеми притисокот врз Русија

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул ги детализираше ефектите од труењето со токсинот, нарекувајќи го „особено моќен“ нервен агент. „Жртвите се задушуваат во агонија“, рече тој.

Шведската министерка за надворешни работи Марија Малмер Штенергард нагласи дека е клучно да се утврди вистинската причина за смртта за да може Русија да биде одговорна.

„Ова е исклучително важно за да можеме да ја сметаме Русија за одговорна за она што го прави и да продолжиме да ги разоткриваме нивните континуирани лаги. Сега ќе ги доставиме овие информации до ОЗХО. Ова е уште еден начин да се зголеми притисокот врз Русија“, тврди таа.

Владата на Путин претходно беше обвинета за обид за убиство на Навални во 2020 година со нервниот агент Новичок, истото хемиско оружје за кое се верува дека Русија го користела во Солсбери во 2018 година во неуспешен обид да ги отруе поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка.

Потоа Навални го преживеа труењето и се опорави во Германија, по што се врати во Русија, каде што беше уапсен и затворен.

реклама

Свет

Иран му порача на Зеленски: Киев ќе ги сноси последиците ако се вклучи во војната со Иран

Read more

Трамп и Нетанјаху оставени сами: Сојузниците го отфрлаат конфликтот со Иран, велат „ова не е наша војна“

Read more

Европа мора да се разбуди, порача шпанскиот министер за надворешни работи: 

Read more

Иран го соопшти главниот услов за прекин на војната

Read more
 

Вести

Утре без струја делови од неколку скопски општини

Читај повеќе

По натпревар во Кисела Вода нападнати двајца фудбалски судии

Читај повеќе

Иран му порача на Зеленски: Киев ќе ги сноси последиците ако се вклучи во војната со Иран

Читај повеќе

СДСМ: Владата итно да ги прифати нашите законски решенија за цените на горивата

Читај повеќе

Трамп и Нетанјаху оставени сами: Сојузниците го отфрлаат конфликтот со Иран, велат „ова не е наша војна“

Читај повеќе

1.198 сообраќајни прекршоци изминатиот викенд, лишени од слобода 42 лица за безобѕирно возење

Читај повеќе

Што добива Западен Балкан од новата стратегија на ЕУ?

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе

Приведен возач без возачка дозвола и со 1,64 промили алкохол во крвта

Читај повеќе