Постигнат е договор за новата германска влада

Макфакс
/ 09.04.2025 / 14:05

Четириесет и пет дена по парламентарните избори во Германија, демохристијаните (ЦДУ/ЦСУ) и социјалдемократите (СПД) постигнаа договор за заеднички коалициски договор. Оваа среда во 15 часот раководството на двете партии ќе ѝ се обрати на јавноста и ќе го презентира постигнатиот договор. Според пишувањата на германските медиуми, веќе е договорена поделбата на најважните министерства.

СПД на тој начин треба да ги преземе Министерството за финансии, Министерството за одбрана и Министерството за правда. Според весникот Bild, Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи ќе им припаднат на демохристијаните, пренесува Deutsche Welle.

Претходните денови најголем дел од преговорите беа за мигрантската политика, како и за даночните и пензиските прашања. Изминативе денови дел од претставниците на ЦДУ го предупредија лидерот на партијата Фридрих Мерц да не прави премногу отстапки на СПД, што може да ја загрози „промената на политичкиот курс“ најавена во кампањата.

ЦДУ на изборите на 23 февруари освои 28,5% од гласовите и со тоа стана најсилната политичка сила, но сепак беше принудена да најде коалициски партнер за да обезбеди мнозинство во Бундестагот, стои во написите.

Тагови
реклама

Свет

Имате рок до крајот на денот: Европа ѝ постави ултиматум на Русија и доби експресен одговор

Read more

Зеленски: Ќе бидам во Турција, се надевам дека ќе дојдат и Путин и Трамп

Read more

Орбан: Никој не се осмелува да признае, но ја загубивме војната во Украина

Read more

Трамп: Добри работи можат да произлезат од средбата меѓу Русија и Украина

Read more
 

Вести

Имате рок до крајот на денот: Европа ѝ постави ултиматум на Русија и доби експресен одговор

Читај повеќе

Објавен првиот том на Правописно-нормативниот речник на македонскиот стандарден јазик

Читај повеќе

Зеленски: Ќе бидам во Турција, се надевам дека ќе дојдат и Путин и Трамп

Читај повеќе

Орбан: Никој не се осмелува да признае, но ја загубивме војната во Украина

Читај повеќе

Трамп: Добри работи можат да произлезат од средбата меѓу Русија и Украина

Читај повеќе

Прв коментар на Кремљ откако Зеленски се согласи на преговори со Путин

Читај повеќе

Косовец добил македонски пасош со лажен идентитет – се гонат две вработени во МВР

Читај повеќе

Трамп ветува: Лековите ќе поевтинат за 59%

Читај повеќе

Македонија2025 го отвори најголемиот Самит досега: Фокус на реформи, иновации и економски раст

Читај повеќе