Премиерот на Пакистан: Постигнат конечниот текст на мировниот договор меѓу САД и Иран

Макфакс
/ 13.06.2026 / 07:20

Премиерот на Пакистан, Шехбаз Шариф, објави дека е постигнат „конечен, усогласен текст на мировен договор“ меѓу САД и Иран.

„Среде интензивните посреднички напори на Пакистан, целосно сме свесни за континуираната кампања на дезинформации што ја водат оние кои сакаат да го саботираат мировниот договор. Но, оставајќи го тоа настрана, можеме да потврдиме дека е постигнат конечен, усогласен текст на мировниот договор“, напиша Шариф на социјалната мрежа X.

Додаде дека Пакистан тесно соработува со двете страни за да ги финализира следните чекори.

„Мирот никогаш не бил поблиску од сега“, порача пакистанскиот премиер.

Според информациите на Reuters, повикувајќи се на западни извори, договорот за завршување на Заливската војна меѓу САД и Иран би можел да биде потпишан во недела.

Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот соопшти дека ги прекинува новите напади врз Иран бидејќи е постигнат договор.

„Штотуку постигнавме одличен договор за завршување на војната со Иран“, им изјави Трамп на новинарите во Белата куќа.

Ирански функционер синоќа за Reuters изјави дека нацрт-договорот предвидува укинување на санкциите за иранската нафта, одмрзнување имот вреден милијарди долари и прекин на сите непријателства на терен, вклучително и во Либан.

Нуклеарното прашање засега е оставено настрана, додека Вашингтон сака преку договорот да обезбеди гаранции дека Иран никогаш нема да развие нуклеарно оружје, нешто што Техеран тврди дека и онака не му е намера.

Тагови
реклама

Куртоа: Можев да останам на голот, селекторот ме извади од игра

Read more

УХМР: Услови за нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Read more

11 јули 1995: Почнал масакрот во Сребреница

Read more

Голем финансиски хороскоп за ЈУЛИ 2026 година

Read more

Свет

Се урна мал авион на Бахамите, загинаа сите 10 патници

Read more

Русија ги советува граѓаните да работат од дома поради недостиг на гориво

Read more

Експлозии одекнуваат источно од Техеран

Read more

Најмалку 12 загинати и 23 исчезнати во големиот шумски пожар во Шпанија

Read more

Вести

  • play_arrow

Драма на небото над Македонија: Се скршил прозорец на авион, патник за малку ќе излетал

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна мал авион на Бахамите, загинаа сите 10 патници

Читај повеќе

Русија ги советува граѓаните да работат од дома поради недостиг на гориво

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Опозициските партии го блокираат Изборниот законик поради страв од изборен пораз

Читај повеќе

Експлозии одекнуваат источно од Техеран

Читај повеќе

Сончево и многу топло

Читај повеќе
  • play_arrow

Најмалку 12 загинати и 23 исчезнати во големиот шумски пожар во Шпанија

Читај повеќе

Европа е во големи проблеми: Нов притисок врз горивата

Читај повеќе

Идниот британски премиер повика на поголем притисок врз Израел

Читај повеќе