Прогласено највисоко ниво на закана во Ормускиот Проток

Макфакс
/ 12.07.2026 / 13:20

Британскиот Центар за поморски трговски операции (УКМТО) го прогласи нивото на закана во Ормускиот Проток за „сериозно“, што претставува највисок степен на опасност за меѓународниот поморски сообраќај. Иако Иран тврди дека теснецот е затворен, британските власти соопштија дека јужниот поморски коридор останува отворен и е проширен за двонасочен сообраќај.

Во меѓувреме, Обединетото Кралство повика на итно повторно отворање на Ормускиот Проток и продолжување на дипломатските преговори. Британскиот министер за трговија, Крис Брајант, порача дека сите страни треба да ја намалат ескалацијата и да се вратат на преговарачката маса.

Иранскиот главен преговарач Мохамад Багер Галибаф, пак, предупреди дека САД „ќе ја платат цената“ доколку не се придржуваат до потпишаниот договор меѓу двете земји.

Претходно, иранскиот претставник Ебрахим Резаи изјави дека Иран „со сила ја презел контролата врз Ормускиот Проток“ и дека ќе ја задржи.

Ескалацијата следува откако иранските сили нападнаа контејнерски брод што пловел под кипарско знаме во Ормускиот Проток. Според американската Централна команда, бродот GFS Galaxy претрпел сериозни оштетувања и не можел да го продолжи патувањето. По избувнувањето пожар, екипажот го напуштил бродот со спасувачки чамци. Спасени се 10 индиски државјани, додека по еден член на екипажот сè уште се трага.

Како одговор на нападот, САД соопштија дека погодиле повеќе од 140 ирански воени цели, меѓу кои ракетни и беспилотни системи, поморски капацитети, складишта за муниција и комуникациски центри.

Потоа Иран изврши напади врз повеќе земји од Заливот. Катар соопшти дека три лица, меѓу кои и едно дете, се повредени од парчиња пресретнати ракети, Обединетите Арапски Емирати објавија дека нивната противвоздушна одбрана пресретнала ракети и беспилотни летала, додека во Бахреин беа активирани сирени за воздушна опасност. Јорданската армија соопшти дека три ирански ракети паднале на нејзина територија, без жртви.

Ормускиот Проток е една од најважните светски поморски рути, преку која пред почетокот на конфликтот се транспортираше околу една петтина од глобалната трговија со нафта и природен гас.

реклама

Свет

Сестрата на Ким Џонг Ун му одговори на Зеленски: Неговите тврдења се неосновани

Read more

Топењето на глечер откри морничава тајна стара 34 години: Пронајдени двајца исчезнати алпинисти

Read more

AfD најави борба против „антигерманската“ култура

Read more

Патниците ги оценија авиокомпаниите: Кој доминира на светското, а кој на европското небо?

Read more

Вести

  • play_arrow

Како сцена од филм: Унгарци снимале како минуваат низ страшниот пожар кај Омиш

Читај повеќе

Сојузот на борци од Тетово бара со закон да се забрани именувањето улици во чест на фашисти

Читај повеќе

Утре времето ќе биде сончево и многу топло

Читај повеќе

Гужва на Табановце: Странци чекаат ред за да платат казни снимени од Безбеден град

Читај повеќе

Лажни пораки наводно испратени од Безбеден град стигнуваат до граѓаните, МВР со апел како да ги препознаете

Читај повеќе

Сестрата на Ким Џонг Ун му одговори на Зеленски: Неговите тврдења се неосновани

Читај повеќе

УЈП во Охрид: Сите што издаваат сместување и опрема за рекреација на вода имаат обврска да платат данок на личен доход

Читај повеќе

ЈСП пушти нова линија, ќе вози од Радишани до Карпош 3

Читај повеќе

Топењето на глечер откри морничава тајна стара 34 години: Пронајдени двајца исчезнати алпинисти

Читај повеќе