Прв коментар на Кремљ откако Зеленски се согласи на преговори со Путин

Макфакс
/ 12.05.2025 / 17:03

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа се согласи на директни преговори со рускиот претседател Владимир Путин.

„Нема смисла убиствата да продолжат. И ќе го чекам Путин во Турција во четврток. Лично. Се надевам дека овој пат Русите нема да бараат изговори“, напиша Зеленски, кој повторно спомена дека чека „целосен и траен прекин на огнот“ што почнува денес.

Украинскиот претседател ја даде оваа изјава откако американскиот претседател Доналд Трамп синоќа ѝ порача на Украина „веднаш да се согласи“ на разговори бидејќи по нив Западот „барем ќе знае каде стои“, иако самиот изјави дека „почнува да се сомнева“ дека е можен договор со Путин.

„Општо земено, ние сме посветени на сериозна потрага по начини за постигнување долгорочно мирно решение“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Моментално нема потврда дека Путин ќе се појави на разговорите во четврток, но Песков потсети дека Путин „во изјавата во која ги сумираше резултатите од прославата во чест на 80-годишнината од Победата над фашизмот и бројните средби со странски колеги, јасно и недвосмислено го искажа ставот на Москва за продолжување на директните преговори со Киев без никакви предуслови“, анализираат светските медиуми.

„Овој пристап наиде на разбирање и поддршка од лидерите на многу земји, вклучително и партнерите во ЗНД и БРИКС“, додаде Песков.

Тој истакна дека американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, го повикал Киев веднаш и без никакви услови да учествува на предложениот состанок.

Турскиот лидер Реџеп Тајип Ердоган, исто така, ја потврди својата подготвеност да стори сè за да организира преговори во телефонски разговор со Путин, додаде Песков.

реклама

Свет

Каде се заработува најмногу? Објавени просечните плати низ Европа

Read more

Reuters: Германија има план од 10 точки за Украина

Read more

Швеѓаните забележале руски војници на танкери од „флотата во сенка“

Read more

Трета среќа за Доналд Трамп Џуниор: Се сврши со Бетина Андерсон

Read more
 

Вести

Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар

Читај повеќе

Банкрот за производителот на роботски правосмукалки Roomba

Читај повеќе

Уапсен детски психијатар во Хрватска, со години ги злоставувал своите малолетни пациенти

Читај повеќе
  • play_arrow

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Читај повеќе

При претреси во Виница и Виничко пронајдени 43 златни и сребрени монети, петмина уапсени

Читај повеќе

Каде се заработува најмногу? Објавени просечните плати низ Европа

Читај повеќе

Reuters: Германија има план од 10 точки за Украина

Читај повеќе

Швеѓаните забележале руски војници на танкери од „флотата во сенка“

Читај повеќе
  • filter

Што одбра Бугарија да стави на евро монетите?

Читај повеќе