Русија ги советува граѓаните да работат од дома поради недостиг на гориво

Макфакс
/ 11.07.2026 / 10:35

Властите во руските сибирски региони ги повикуваат бизнисите да се префрлат на работа од дома каде што е можно и да ја ограничат потрошувачката на енергија поради влошувањето на кризата со горивото.

Овој потег доаѓа откако недостигот на гориво ја погоди речиси целата земја, а локалните медиуми објавуваат дека мерките имаат за цел ублажување на последиците од украинскиот напад врз една од најголемите рафинерии во Русија, пишува Politico.

Во сибирскиот регион Томск, заменик-гувернерката Олга Крилова изјави дека на службениците им се советува повнимателно да ги планираат службените патувања. „Исто така, им се препорачува повеќе да ги користат опциите за далечинска комуникација, како што е одржување состаноци преку интернет“, рече таа.

Во соседниот регион Новосибирск, заменик-гувернерот Константин Халзов потпиша указ со кој им препорачува на сите компании да им дозволат на вработените, освен на оние на основни работни места, да работат од далечина. Указот, исто така, ги охрабрува граѓаните да ги користат своите автомобили што е можно помалку.

„Препорачуваме жителите на регионот Новосибирск да ја ограничат употребата на приватни возила. Доколку патувањето е неопходно, треба да се осигурат дека имаат доволно гориво за да стигнат до нивната дестинација и назад“, се вели во документот.

На границата со Омск се наоѓа на една од најголемите руски рафинерии за нафта. Објектот претрпе значителна штета во украинскиот напад со беспилотни летала на 6 јули, што дополнително ја влоши ситуацијата со снабдувањето.

Кризата со горивото се прошири во речиси сите делови на Русија. Според локалните новинари, само еден од 89-те региони во земјата не вовел ограничувања на енергијата. Некои области прибегнуваат кон продажба на бензин според систем на парни и непарни регистарски таблички за да го ублажат прекинот. Се проценува дека, во зависност од регионот, возачите поминуваат до 12 часа чекајќи во редови за гориво.

реклама

Која професија има најголем ризик од зрачење и канцер?

Read more

Со која состојка најлесно се чистат жолти дамки и маснотии од PVC прозорци?

Read more

Колку овошје и зеленчук треба да јадеме дневно?

Read more

Русија ѝ се закани на Велика Британија

Read more

Свет

Иран: Ормутскиот Теснец останува затворен

Read more

Русија ѝ се закани на Велика Британија

Read more

Судот го блокира планот на Трамп да го премести седиштето на ФБИ

Read more

Трамп го тужи BBC за 10 милијарди долари

Read more

Вести

Иран: Ормутскиот Теснец останува затворен

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Не е точно дека е фрлена бомба во домот на полицаец

Читај повеќе

Како Ведрана Рудан зборуваше за смртта

Читај повеќе

Почина хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан

Читај повеќе
  • play_arrow

Русија ѝ се закани на Велика Британија

Читај повеќе

Судот го блокира планот на Трамп да го премести седиштето на ФБИ

Читај повеќе

За една ноќ казнети 63 возачи за возење под дејство на алкохол, 8 уапсени

Читај повеќе

Трамп го тужи BBC за 10 милијарди долари

Читај повеќе

Венецуела бара враќање на 31 тон злато од Обединетото Кралство

Читај повеќе