Руски медиуми: Москва подготвена да работи на меморандум со Украина кој би вклучувал и прекин на огнот

Макфакс
/ 19.05.2025 / 20:20

Телефонскиот разговор меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин, кој траеше повеќе од два часа, сега е завршен, објавија руските државни медиуми. Рускиот претседател го опиша разговорот како „информативен, искрен и многу корисен“, пренесува РИА Новости.

Путин му се заблагодарил на Трамп за неговата улога во повторното започнување на директните преговори меѓу Москва и Киев.

Според државните медиуми, Москва изразила подготвеност да работи на меморандум со Украина кој би вклучувал и прекин на огнот. Путин, наводно, изјавил дека тие „генерално се на вистинскиот пат“, но повтори дека двете страни ќе мора да се согласат на компромиси.

„Примирјето во Украина на одреден временски период е возможно доколку се постигнат соодветни договори“, рекол рускиот претседател Владимир Путин.

ТАСС пренесува дека Путин рекол дека Русија е подготвена да работи со Киев на меморандум за идниот мировен договор.

ТАСС, исто така, пренесува дека Доналд Трамп за време на разговорот рекол дека Русија поддржува мирно решение на конфликтот.

Според извештајот на агенцијата IFX, Путин рекол дека „треба да се отстранат основните причини за конфликтот“.

Претходно за разговорот се огласи и американскиот претседател Трамп.

реклама

Свет

Објавени снимки од експлозиите во нуклеарниот комплекс на Иран

Read more

Како изгледа сега воздушниот простор над Иран, Израел, Јордан и Ирак?

Read more

Истрагата за падот на кобниот Boeing се врти околу едно клучно прашање

Read more

Убиен шефот на Иранската револуционерна гарда

Read more
 

Вести

  • filter

„Чиста петка“ од прилепската публика за „Слепци“ на Турски театар  - Скопје

Читај повеќе

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се препираат: Чија заслуга е реконструираниот регионален пат од Охрид до Св. Наум?

Читај повеќе

За двајца поранешни министри запрена постапката за трагедијата во Кочани

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавени снимки од експлозиите во нуклеарниот комплекс на Иран

Читај повеќе

Владата блокира уште 173 интернет-страници за онлајн-коцкање, информира Меџити

Читај повеќе

Нови детали од истрагата за пожарот во „Пулс“

Читај повеќе

МНР апелира македонските граѓани да се воздржат од патувања кон Израел и Иран

Читај повеќе

Успешно изведени две трансплантации на коска од починат донор на Клиниката за ортопедски болести

Читај повеќе

Како изгледа сега воздушниот простор над Иран, Израел, Јордан и Ирак?

Читај повеќе