Сандерс: Нетанјаху конечно најде претседател на САД кој рече „да“

МАКФАКС
/ 06.03.2026 / 10:51

Американскиот сенатор Берни Сандерс остро го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, обвинувајќи го за поттикнување на САД во војна со Иран, пренесува Анадолија.

„Нетанјаху е екстремист кој уби 75.000 луѓе во Газа. Екстремист кој рече дека инвазијата на Ирак ќе има 'огромни позитивни последици'. Екстремист кој со децении ги поттикнува американските претседатели да војуваат со Иран“, напиша Сандерс на X.

„Конечно најде претседател кој рече 'да'. Трагично“, додаде тој, алудирајќи на претседателот Доналд Трамп.

Нападите на САД и Израел врз Иран започнаа на 28 февруари, при што беа убиени врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи и високи безбедносни функционери. Шест припадници на американски сили беа убиени, а неколку беа сериозно ранети. Иран возврати со напади врз Израел и земјите во регионот каде што се наоѓаат американските бази.

Нетанјаху ги отфрли тврдењата дека Израел ги турнал САД во војна со Иран, нарекувајќи ги обвинувањата „смешни“.

„Доналд Трамп е најсилниот лидер во светот. Тој прави она што мисли дека е исправно за Америка. Тој прави и она што мисли дека е исправно за идните генерации“, рече Нетанјаху во интервју за Fox News во вторникот.

реклама

Морнарите заглавени во Ормутскиот Теснец почнаа ментално да попуштаат

Read more

Кина создаде ново оружје: Испукува до 2.000 куршуми во минута и не користи барут

Read more

Непријатни несакани ефекти што астронаутите на Artemis II ќе ги доживеат на Земјата

Read more

Новак Ѓоковиќ почна да јаде месо

Read more

Свет

Европа се празни: Поразителна мапа на фертилитет

Read more

Кина создаде ново оружје: Испукува до 2.000 куршуми во минута и не користи барут

Read more

Велигденското примирје во Украина ќе почне наскоро, познати детали

Read more

Трамп објави „план“ за отворање на Ормутскиот Теснец

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Бензинот поевтинува за 1,5 денар, дизелот за 2,5 денари, рече Мицкоски

Читај повеќе

Европа се празни: Поразителна мапа на фертилитет

Читај повеќе
  • filter

Кина создаде ново оружје: Испукува до 2.000 куршуми во минута и не користи барут

Читај повеќе

Велигденското примирје во Украина ќе почне наскоро, познати детали

Читај повеќе

Трамп објави „план“ за отворање на Ормутскиот Теснец

Читај повеќе

Санчес повикува на создавање ЕУ војска: Не за 10 години, туку веднаш

Читај повеќе

Ескалира конфликтот Зеленски-Орбан: Какви ќе бидат последиците за Европа?

Читај повеќе

УХМР: Локален дожд претпладне и температури до 16°C

Читај повеќе

Земјотрес од 3,1 според Рихтер регистриран во Делчево и Берово

Читај повеќе