Строг дрескод на погребот на папата Франциск

МАКФАКС
/ 26.04.2025 / 10:08

Погребот на папата Франциск, кој ќе се одржи на плоштадот Свети Петар во Ватикан, ќе биде не само верски туку и глобален дипломатски настан од највисок ранг. Со учество на повеќе од 130 странски делегации, вклучувајќи десетина кралски дворови, Ватикан воведе строги протоколарни правила, кои ги опфаќаат сè – од седењето, преку облекувањето, до начинот на однесување на сите присутни.

Според официјалниот ватикански протокол, машките учесници мора да носат темни одела, долги црни вратоврски и дискретно црно копче на реверот. Жените, пак, се должни да бидат облечени во долги црни фустани со ракави, со вел преку главата и црни ракавици. Единствениот накит што се дозволува е ѓердан од бисери.

Посебни насоки важат за жените од католичките кралски семејства. Тие ќе носат скромни, неукрасени фустани, ниски затворени обувки и „мантилја“ – традиционален црн вел. Привилегијата да носат бела облека, позната како „il privilegio del bianco“, нема да се применува поради природата на настанот.

Но, строгостите не се однесуваат само на високите гости. И обичните граѓани и туристи кои сакаат да му оддадат последна почит на папата во базиликата Свети Петар мора да се придржуваат до дрес-код: покриени колена и рамена, без маици без ракави, кратки панталони или длабоки деколтеа. Забранети се и тетоважи или симболи што може да се сметаат за навредливи.

Покрај облекувањето, и протоколот на седење е строго утврден. Првите места ќе бидат резервирани за претседателите на Италија и Аргентина – татковината на покојниот папа. По нив следуваат католичките монарси, големиот мајстор на Малтешкиот ред и владетелите од други вероисповеди. Останатите шефови на држави ќе бидат распоредени по францускиот азбучен ред.

Ватикан со овие строги правила сака да покаже дека погребот на папата Франциск не е само крај на едно понтификатство, туку и чин исполнет со тишина, симболика и длабоко почитување кон духовниот водач на Католичката црква.

Тагови
реклама

Почна ослободувањето на трасата за скопскиот „мост што води во дневна соба“

Read more

Септември носи пари и крај на грижите за четири хороскопски знаци

Read more

Израел ѝ се закани на Британија: Ако направат грешка, ќе има одговор

Read more

Зошто не треба да користите оцет за чистење на надворешни плочки?

Read more

Свет

ОН изгласа нова мапа на светот: Европа и Америка се намалуваат, Африка расте

Read more

Израел ѝ се закани на Британија: Ако направат грешка, ќе има одговор

Read more

Фронтекс за прв пат распоредува бродови во Ламанш 

Read more

Повеќе од 1.000 случаи на заболени од вирусот Западен Нил во Европа

Read more

Вести

ОН изгласа нова мапа на светот: Европа и Америка се намалуваат, Африка расте

Читај повеќе
  • play_arrow

Почна ослободувањето на трасата за скопскиот „мост што води во дневна соба“

Читај повеќе

85-годишен маж уапсен за подметнување пожар во Струшко

Читај повеќе

Израел ѝ се закани на Британија: Ако направат грешка, ќе има одговор

Читај повеќе

Вучиќ за кандидатурата за премиер: Подготвен сум да ја прифатам волјата на СНС

Читај повеќе

Турчин уапсен во Охрид за поттикнување на проституција

Читај повеќе

Фронтекс за прв пат распоредува бродови во Ламанш 

Читај повеќе

Повеќе од 1.000 случаи на заболени од вирусот Западен Нил во Европа

Читај повеќе

Изменето работното време на шалтерот за издавање одобренија за патување на деца

Читај повеќе