Свириденко: Украина е подготвена за преговори, но не и за предавање

Макфакс
/ 23.04.2025 / 16:54

Украина е подготвена за преговори, но не и за предавање, изјави украинската вицепремиерка Јулија Свириденко, откако медиумските извештаи открија детали за американскиот предлог за договор според кој Украина би се откажала од речиси целата територија окупирана од Русија.

„Нема да има договор што ќе ѝ даде на Русија посилна основа за прегрупирање и враќање со поголемо насилство. Нашиот народ нема да прифати замрзнат конфликт преправен како мир“, напиша Свириденко на платформата X.

Медиумите неделава објавија детали за предлогот на Вашингтон за договор меѓу Киев и Москва, кој предлага официјално признавање на окупираниот украински полуостров Крим како руски, како и задржување на „де факто“ контролата на Москва врз поголемиот дел од освоената територија.

Од друга страна, потпретседателот на САД, ЏејДи Венс, изјави дека САД им претставиле „многу јасен предлог“ на Русија и Украина за можно мировно решение, велејќи дека „време е тие да се согласат или САД ќе се повлечат од процесот“.

Од друга страна, Украина се залагаше за целосно, итно и безусловно примирје, со продолжување на преговорите откако ќе се воспостави.

„Целосен прекин на огнот – на копно, во воздух и на море – е неопходен прв чекор“, рече Свириденко, додавајќи дека Киев ќе одговори на ист начин ако Москва се одлучи за ограничена пауза наместо тоа.

Рускиот претседател Владимир Путин понуди да ја запре инвазијата на Украина по сегашната линија на фронтот, како дел од напорите за постигнување мировен договор со американскиот претседател Доналд Трамп, објави вчера Financial Times, повикувајќи се на луѓе запознаени со ова прашање.

реклама

Хајди Клум ги прекрши сите правила на Канскиот филмски фестивал

Read more

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Зверев: Готово е, Ѓоковиќ е мојот тренер

Read more

Нова студија нуди ефикасен метод за слабеење без гладување

Read more

Свет

Повеќе од 40 мртви во ноќните напади врз Газа

Read more

Анализа: Зеленски сака да го разоткрие Путин - ја игра неговата игра, но дали ќе успее

Read more

Трамп го откажа учеството на преговорите по објавата дека Путин нема да присуствува

Read more

Русите без Путин одат на преговори со Украинците

Read more
 

Вести

Повеќе од 40 мртви во ноќните напади врз Газа

Читај повеќе

Анализа: Зеленски сака да го разоткрие Путин - ја игра неговата игра, но дали ќе успее

Читај повеќе

МВР апелира: На матурска прослава без автомобил, без консумирање алкохол

Читај повеќе

Трамп го откажа учеството на преговорите по објавата дека Путин нема да присуствува

Читај повеќе

Русите без Путин одат на преговори со Украинците

Читај повеќе

Без вода денеска дел од Карпош

Читај повеќе

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Потребни се гаранции за македонската евроинтеграција

Читај повеќе

Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа законот за помош за настраданите од Кочани

Читај повеќе