Американскиот претседател Доналд Трамп нема да оди во Турција за да учествува на руско-украинските разговори, изјави американски функционер.
Тој ја даде изјавата откако Кремљ објави список на руската делегација на преговорите, на кој не е вклучен претседателот Владимир Путин.
Трамп претходно изјави дека е можно да отпатува во Истанбул доколку Путин е таму.
Американската страна објави дека во нивната делегација ќе бидат државниот секретар Марко Рубио и специјалните пратеници Стив Виткоф и Кит Келог.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно објави дека ќе отпатува за Истанбул каде, како што рече, ќе го чека својот руски колега Владимир Путин.
Украински функционер објави дека Зеленски е на пат кон Анкара, каде што треба да се сретне со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.