Трамп испрати скандалозно писмо до Норвежаните: Нема Нобел? Тогаш заборавете на мирот

Макфакс
/ 19.01.2026 / 12:58

Претседателот на САД, Доналд Трамп, испрати скандалозно писмо до норвешкиот премиер Јунас Гар Стере, објавуваат сите водечки норвешки медиуми, во кое го информира дека „не се чувствува обврзан да работи исклучиво на мирот“, со оглед на тоа што „неговата земја одлучи да не му ја додели Нобеловата награда за мир“.

„Драг Јунас, бидејќи вашата земја одлучи да не ми ја додели Нобеловата награда за мир, иако спречив најмалку 8 војни, повеќе не се чувствувам обврзан да размислувам само за мир, иако тоа секогаш ќе биде доминантно, но сега можам да размислувам за тоа што е добро и исправно за Соединетите Американски Држави. Данска не може да го заштити Гренланд од Русија или Кина. Зошто би требало да има какви било 'права на сопственост'?“, се вели во пораката на Трамп.

„Нема пишани записи; само еден брод се закотвил таму пред стотици години, но и ние сме прикотвиле бродови таму. Јас направив повеќе за НАТО од која било друга личност од неговото основање, а сега НАТО треба да направи нешто за Соединетите Американски Држави. Светот не е безбеден ако немаме целосна контрола врз Гренланд. Ви благодарам! Претседателе ДЈТ“, се вели во пораката на Трамп до норвешкиот премиер.

Норвешкиот дневен весник Verdens Gang ја објавува следната реакција од Стере: „Можам да потврдам дека ова е порака што ја добив во недела попладне од претседателот Трамп. Таа дојде како одговор на кратката порака до претседателот што ја испратив претходно истиот ден во мое име и во име на претседателот на Финска, Александер Стаб.“

Пораката на Трамп, која стигна и до неколку европски амбасадори во Вашингтон, прв ја објави новинарот на PBS, Ник Шифрин. Пораката предизвика неверување во Норвешка. Медиумите постојано истакнуваат дека норвешката влада нема никаква врска со доделувањето на Нобеловата награда.

Трамп очигледно не ја преболел одлуката на Нобеловиот комитет во декември да ја додели наградата за мир за 2025 година на венецуелската опозициска политичарка Мариа Корина Мачадо, иако таа лично му го врачи златниот медал на Нобел во Вашингтон пред неколку дена.

Во меѓувреме, Нобеловиот комитет повтори дека „оригиналниот лауреат останува во историјата како добитник на наградата, дури и ако медалот или дипломата подоцна дојдат во посед на некој друг“. Лауреатот не може да ја сподели наградата со други, ниту пак може да се пренесе откако ќе биде доделена. Нобеловата награда за мир, исто така, никогаш не може да се одземе.

„Во пораката до Трамп, го пренесовме нашиот став против неговите царини насочени кон Норвешка, Финска и други земји. Ја нагласивме потребата од деескалација на размената на зборови и побаравме телефонски разговор меѓу Трамп, Стаб и мене во текот на денот. Одговорот на Трамп дојде кратко откако ја испративме пораката. Изборот на Трамп беше да ја сподели пораката со другите лидери во земјите од НАТО“, изјави Стере за Verdens Gang.

„Ставот на Норвешка за Гренланд е јасен. Гренланд е дел од Кралството Данска и Норвешка целосно го поддржува во ова прашање. Во врска со Нобеловата награда за мир, постојано му ставам дознаење на Трамп она што е добро познато, дека наградата ја доделува независен Нобелов комитет, а не норвешката влада“, заклучи тој.

реклама

Од вторник Земјата влегува во златно време на сончевите затемнувања

Read more

Помрачување на Сонцето на 17 февруари: Нов почеток за 4 хороскопски знаци

Read more

Катаклизмична бура ја разнесе Грција: Плажи се претворија во ровови, патишта и домови целосно уништени

Read more

Исчезнатиот Виктор Илиоски најден починат

Read more

Свет

Татко ја убил мајката на натпревар на нивниот син

Read more

Кина забрзано гради нуклеарни подморници

Read more

Итна истрага по тврдењата дека има закопани тела на девојки на ранчот на Епстин

Read more

Марио Драги има нова визија за Европа: Повикува на создавање Соединети Европски Држави

Read more
 

Вести

Капиштец повеќе од 6 часа без вода, дефект кај Цветен пазар ја поплавува улицата Народен фронт

Читај повеќе
  • play_arrow

Јанчев од Левица пред една година предупреди како владите ги разбиваат синдикалните организации и барања

Читај повеќе

Илјадници во Косово протестираа против судењето на командантите на ОВК во Хаг

Читај повеќе

Силен земјотрес во Босна, почувствуван и во Далмација

Читај повеќе

Утре променливо облачно време со температура до 11 степени

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Катаклизмична бура ја разнесе Грција: Плажи се претворија во ровови, патишта и домови целосно уништени

Читај повеќе

Глумците ПЕАТ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

Читај повеќе
  • play_arrow

Татко ја убил мајката на натпревар на нивниот син

Читај повеќе

Кина забрзано гради нуклеарни подморници

Читај повеќе