Трамп постави 8 „црвени линии“ за Техеран без кои нема да има мировен договор

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп привремено го запре Проект Слобода во Ормутскиот Теснец, откако, според американските претставници, е постигнат значителен напредок во преговорите со Иран за неговата нуклеарна програма.

Според The Wall Street Journal, САД доставиле нов рамковен предлог за нуклеарен договор до Техеран. Доколку Иран го прифати понудениот документ, ќе следат интензивни 30-дневни преговори за деталите од конечниот договор.

Според информациите што протекоа од американските дипломатски кругови, Вашингтон дефинирал осум клучни „црвени линии“ што Иран би морал да ги прифати.

Меѓу главните барања на САД е официјална потврда од Иран дека не развива нуклеарно оружје, целосно демонтирање на нуклеарните објекти во Фордоу, Натанц и Исфахан, како и целосна забрана за подземни нуклеарни активности.

Предлогот на САД вклучува и ненајавени инспекции на нуклеарните објекти со строги казни за какво било кршење на договорот и 20-годишен мораториум за збогатување на ураниум. Претходно, според медиумските извештаи, се инсистираше на трајна забрана.

Едно од барањата се однесува и на предавање на сите постоечки залихи на збогатен ураниум, додека отворањето на Хормуз за меѓународен сообраќај би било координирано со постепеното олеснување на американската поморска блокада.

Вашингтон јасно посочи дека евентуалното укинување на санкциите нема да биде автоматско или гарантирано однапред, туку ќе зависи од степенот до кој Иран ги спроведува своите обврски.

Иако операцијата за обезбедување на Ормузскиот теснец во моментов е паузирана, американската поморска блокада на иранските пристаништа останува на сила до понатамошно известување.

Позитивните сигнали од преговорите веднаш се одразија на глобалниот пазар на енергија. Цените на нафтата паднаа за речиси осум проценти, или на околу 101 долар за барел, откако инвеститорите проценија дека постои реална можност за постигнување договор меѓу Вашингтон и Техеран.

Тагови
реклама

Јахтата на Закерберг не одговори на повик за помош во Алјаска

Read more

Што се случува со шеќерот во крвта кога јадете лубеница?

Read more

Денвер на смешен начин ја одбил понудата на Панатинаикос за Јокиќ летово

Read more

Какви промени носи Марс во Рак од 11 август до 27 септември?

Read more

Свет

Миграциска политика на ЕУ: И левичарите го заоструваат ставот

Read more

Латвија откри тунел под границата со Белорусија - го користеле мигранти

Read more

Двојно подолго чекањето на европските аеродроми: Само Европејците можат да смислат нешто вакво

Read more

Еболата брзо се шири во ДР Конго: Бројот на смртни случаи надмина 2.000

Read more

Вести

Николоски за проблемот со транспортерите: Имаме договори со Швајцарија, Хрватска и Романија, работиме со уште три земји

Читај повеќе

„Ткајачи на филм“ е темата на визуелниот идентитет на 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

Читај повеќе

Стефковски: Нула комуналии за изградба на куќа за млади до 35 години

Читај повеќе

Ѓорѓиевски: Депонијата не е на територија на Град Скопје, а водата во Скопје е исправна

Читај повеќе

Пожар на Закинтос, упатен итен апел

Читај повеќе

Вработени во МВР останаа без здравствено, ФЗО вели дека не им се платени придонесите

Читај повеќе

Јаневска: Околу 50 случаи на врсничко насилство се пријавуваат во просек во училиштата на годишно ниво

Читај повеќе

Миграциска политика на ЕУ: И левичарите го заоструваат ставот

Читај повеќе

ДУИ: КК Чаир добил 3,6 милиони денари, Изет Меџити да каже каде завршиле овие пари

Читај повеќе