Трамп за договорот за војната во Газа: Неверојатно е, целиот свет се обедини

Макфакс
/ 09.10.2025 / 16:18

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Иран би можел да биде дел од поширок мировен договор на Блискиот Исток по завршувањето на војната во Газа, изразувајќи голема доверба дека неговиот план ќе доведе до траен мир во регионот, јавува агенцијата Anadolu.

Трамп го објави постигнувањето на мировен договор меѓу Израел и Хамас, припишувајќи го крајот на повеќемесечниот застој на „среќа“ и „талент“. Договорот би можел да го означи крајот на двегодишната војна на Блискиот Исток, јавува Fox News.

Трамп рече дека имал многу добри разговори со Иран за она што го опиша како неодреден договор, помалку од четири месеци откако САД извршија напади врз цели поврзани со нуклеарната програма на Иран во јуни.

Според него, Иран во тоа време бил еден или два месецa подалеку од нуклеарно оружје и нагласил дека без да се спречи тоа сценарио, овој договор не би бил можен.

Зборувајќи за својот предлог за прекин на војната во Газа, Трамп нагласи дека е многу уверен дека по ова ќе се постигне поширок мировен договор во регионот.

„Ќе имаме мир. Верувам дека Иран всушност ќе биде дел од тој мировен процес. Земјите што претходно не се согласуваа сега се вклучени и тоа, искрено, го обедини целиот свет. Неверојатно е. Целиот свет се обедини, искрено. Толку многу земји за кои не би помислиле се обединија. Светот се обедини околу овој договор“, рече Трамп во интервју за Fox News.

Додаде дека работите ќе бидат многу различни на Блискиот Исток, но и низ целиот свет.

„Сите околни земји потпишаа. Мислам, сите потпишаа и тоа беше навистина неверојатно време и толку одлично за Израел, толку одлично за муслиманите, за арапските земји и толку одлично за оваа земја, за Соединетите Американски Држави“, рече Трамп. „Ова е повеќе од Газа, ова е мир на Блискиот Исток и тоа е неверојатна работа.“

Претходно Трамп објави дека Израел и Хамас ја прифатиле првата фаза од предлогот на САД за прекин на војната во Газа.

„Сите заложници ќе бидат ослободени многу наскоро, а Израел ќе ги повлече своите трупи на договорената линија како први чекори кон силен, траен и вечен мир“, рече Трамп, додавајќи дека „сите страни ќе бидат третирани праведно“.

Официјален претставник на Белата куќа изјави за Anadolu дека ослободувањето на заложниците се очекува во понеделник.

Трамп, исто така, потврди дека размислува за посета на Египет подоцна оваа недела, по планираната посета на воената болница „Волтер Рид“ во петок.

Според Палестинската власт, израелските операции во Газа од октомври 2023 година убиле речиси 67.200 Палестинци, претежно жени и деца, а енклавата е речиси целосно уништена.

Американскиот претседател рече дека по спроведувањето на мировниот план, Газа ќе стане многу побезбедно место и дека земјите од регионот ќе помогнат во неговата реконструкција.

„Ќе бидеме вклучени за да им помогнеме да успеат и да одржат сè мирно – и мислам дека ќе биде мирно“, заклучи Трамп.

реклама

Комплетирани сите двојки за плејоф квалификациите за ЛШ

Read more

Израел oбјави мапа како доказ дека Турција окупира поголема територија од нив

Read more

Зошто Велика Британија се откажа од брод со злато вредно 5,5 милијарди фунти?

Read more

Украина достави до САД предлози за завршување на војната

Read more

Свет

Израел oбјави мапа како доказ дека Турција окупира поголема територија од нив

Read more

Украина достави до САД предлози за завршување на војната

Read more

ОН: Авганистан е единствената земја во светот каде девојчињата не смеат во средно училиште

Read more

Миграциска политика на ЕУ: И левичарите го заоструваат ставот

Read more

Вести

За два дена 1.322 казни, уапсени 32 возачи

Читај повеќе

Левица бара распишување локален референдум за ДУП-от за Барутана за градбите на Водно

Читај повеќе

Израел oбјави мапа како доказ дека Турција окупира поголема територија од нив

Читај повеќе

Денеска сончево и многу топло, температурата до 40 степени

Читај повеќе

Украина достави до САД предлози за завршување на војната

Читај повеќе

ОН: Авганистан е единствената земја во светот каде девојчињата не смеат во средно училиште

Читај повеќе

Без струја делови од Карпош и Петровец

Читај повеќе

Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР

Читај повеќе

Николоски за проблемот со транспортерите: Имаме договори со Швајцарија, Хрватска и Романија, работиме со уште три земји

Читај повеќе