Трамп: Зеленски е подготвен да го препушти Крим на Русија

Макфакс
/ 28.04.2025 / 08:13

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти неговиот украински колега Володимир Зеленски е подготвен да го отстапи Крим на Русија како дел од мировниот договор, иако Киев постојано ги отфрла таквите предлози.

На прашањето на новинарите дали смета дека украинскиот претседател е подготвен да се откаже од полуостровот што Русија го анектираше во 2014 година, Трамп одговори: „Мислам дека да“.

Трамп, исто така, го повика рускиот претседател Владимир Путин да „престане со пукањето, да седне и да потпише договор“ за прекин на борбите, сугерирајќи дека тој би можел да се постигне во рок од две недели.

Овие коментари ги даде за новинарите по враќањето од Ватикан, каде што накратко разговараше со Зеленски пред погребот на папата Франциск.

Фотографиите објавени од украинската претседателска служба ги прикажуваат Трамп и Зеленски како разговараат во Ватикан на 26 април 2025 година. Нивната средба се одржала приватно на маргините на погребот на папата, а Трамп подоцна изјави дека разговорот „поминал добро“ и дека прашањето за Крим било споменато „само накратко“.

Исто така додаде дека Зеленски сега му изгледа „посмирен“, што може да биде алузија на нивниот јавен судир што се случи во Белата куќа во февруари. Украина постојано нагласува дека нема да се согласи на територијални отстапки и дека за територијата може да се разговара само откако ќе се постигне прекин на огнот. Ниту Зеленски ниту Путин сè уште не ги коментираа последните изјави на Трамп.

реклама

Кој хороскопски знак е магнет за пари во март 2026 година?

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Колку минути треба да пешачите дневно за да слабеете после 40-тата година?

Read more

Најубавото девојче во светот денес има 24 години и сподели голема вест

Read more

Свет

Активисти му упаднаа на Макрон: Зошто сè уште купуваме ураниум од Русија?

Read more

Се пребарува морничавиот ранч на Епстин во Ново Мексико, вклучени се и кучиња трагачи

Read more

„Непристоен предлог“ за земјите кои сакаат нивните бродови да поминат низ Ормутскиот Теснец

Read more

Кошта: Русија е единствениот победник во војната на Блискиот Исток

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Ненад Савевски за нов државен јавен обвинител, одлучи Владата

Читај повеќе

Владата уверува: Нема недостиг од гориво, Македонија е со најниска цена во регионот

Читај повеќе

Скопјанец ги нападнал поранешната партнерка и нејзиното момче

Читај повеќе

Мицкоски ќе побара од супермаркетите да не ги зголемуваат веднаш цените на производите

Читај повеќе
  • play_arrow

Активисти му упаднаа на Макрон: Зошто сè уште купуваме ураниум од Русија?

Читај повеќе

Евакуирани уште 125 македонски државјани со лет од Дубаи

Читај повеќе

Професор во Скопје уапсен за сексуално вознемирување на ученичка

Читај повеќе

Саудиска Арабија го намалува производството на нафта

Читај повеќе

Се пребарува морничавиот ранч на Епстин во Ново Мексико, вклучени се и кучиња трагачи

Читај повеќе