Русија подготвува нова пролетно-летна офанзива на југоистокот на Украина и планира да го заземе целиот Донбас до септември, изјави Вадим Скибицкиј, заменик-шеф на украинската воена разузнавачка служба.
Според него, Москва ангажира стратешки резерви и додава околу 20.000 војници, со што вкупниот број руски сили достигнува околу 680.000.
Скибицкиј истакна дека во последните недели се зголемени ракетните напади врз украинските градови, при што Русија произведува околу 60 ракети Искандер месечно.
Предупреди дека Украина нема доволно современи системи за противвоздушна одбрана, како Patriot, за да ja покрие целата своја територија.
Енергетската инфраструктура, веќе оштетена од зимските напади, останува особено ранлива.
„Засилените напади со ракети и дронови се дел од подготовките за нова офанзива“, рече Скибицкиј, додавајќи дека Москва не покажува намера за преговори.
Во период од 24 часа, руските сили извршиле масовни напади со 44 ракети и 659 дронови. Загинале 19 лица, а над 100 се повредени.
Украинската противвоздушна одбрана соборила 667 воздушни цели, вклучувајќи 31 ракета.