Ужасна несреќа во Тајланд: Кран падна врз воз, триесетина загинати

Макфакс/Кајгана
/ 14.01.2026 / 19:33

Во североисточниот дел на Тајланд, околу 9 часот по локално време, кран падна директно врз воз во движење, при што возот излетал од шините, а неколку вагони биле згмечени, од кои еден се запалил.

Во моментот на несреќата во возот имало 171 патник. Најмалку 28 лица загинаа, а 64 се повредени. Меѓу повредените има едногодишно дете и лице на возраст од 85 години, а 7 лица се во критична состојба.

Локалните медиуми јавуваат дека кранoт подигал голем бетонски елемент кој паднал врз возот и предизвикал излетување на повеќе вагони. Спасувачките екипи со часови ги извлекувале патниците од уништената композиција.

Еден од преживеаните изјавил дека патниците биле буквално фрлени во воздух, додека очевидци за BBC Thailand рекле дека целиот инцидент траел помалку од една минута.

„Почнаа да паѓаат мали парчиња, како бетонски фрагменти. После тоа, кранот се спушти и силно се урна врз возот“, рече жена – сведок на настанот.

„Целиот инцидент траеше помалку од една минута“, додаде таа.

Државните железници на Тајланд покренаа истрага и најавија тужба против градежната компанија одговорна за кранoт. Компанијата Italian-Thai Development соопшти дека ќе обезбеди обештетување и помош за семејствата на загинатите и повредените.

Тајландскиот премиер порача дека „некој мора да сноси одговорност“, оценувајќи дека вакви несреќи се последица на немар и непочитување на процедурите.

Тагови
реклама

Голем неделен хороскоп од 9 до 15 февруари

Read more

Претепан судијата кој го запроси дечко му на натпревар пред 50.000 луѓе

Read more

Драма на небото: Израелски борбени авиони пресретнаа авион на Wizz Air

Read more

Филмски напад во Италија: Разбојници дигнаа во воздух возила за транспорт на кеш

Read more

Свет

„Европска гордост“ е тоа што Џеј Ди Венс беше исвиркан на отворањето на ЗОИ, вели Калас

Read more

Куба: Од утре повеќе немаме гориво за авиони

Read more

Драма на небото: Израелски борбени авиони пресретнаа авион на Wizz Air

Read more

Макрон има нова визија за Европа, дали ќе му помине кај Мерц и Мелони?

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Шест лица најдени мртви во Бугарија, истрагата ја разгледува и можноста да се работи за култ

Читај повеќе

Четворица заболени од шуга во касарната во Велес

Читај повеќе

ЕУ забрани уништување на облека и обувки што нема да се продадат

Читај повеќе

„Европска гордост“ е тоа што Џеј Ди Венс беше исвиркан на отворањето на ЗОИ, вели Калас

Читај повеќе

Куба: Од утре повеќе немаме гориво за авиони

Читај повеќе

Колку се популарни Трамп и Путин во Македонија?

Читај повеќе

Драма на небото: Израелски борбени авиони пресретнаа авион на Wizz Air

Читај повеќе

Кандидатот на Додик победи на предвремените избори за претседател на Република Српска 

Читај повеќе

Пред 43 години им кажале дека синот им починал, во 2013 година откриле дека е жив

Читај повеќе