Ватикан активира специјален режим по смртта на папата

Макфакс
/ 21.04.2025 / 14:29

По смртта на папата Франциск во понеделникот, во Ватикан настапи седисваканција – период без папа.

Терминот седисваканција доаѓа од латинскиот sede vacante (празна столица) и се однесува на период во кој епископското седиште е празно, во овој случај папската столица во базиликата „Свети Јован Латерански“, катедралната црква на римскиот бискуп и „мајката на сите цркви“.

За време на седисваканцијата, папските овластувања не се пренесуваат на никого. Со Црквата управува Кардиналски совет, но со многу ограничени овластувања пропишани со апостолскиот устав Universi Dominici Gregis на папата Јован Павле II од 1996 година.

Тројца клучни функционери

Со настапувањето на седисваканција, автоматски им престанува мандатот на сите функционери на ватиканската курија, освен на тројца. Кардиналот камерленго кој управува со државата и имотот на Ватикан во отсуство на Папата и всушност е најважниот ватикански достоинственик во овој преоден период, останува на функцијата (оваа позиција сега ја има ирскиот кардинал Кевин Фарел), по што следи римскиот викар кој во името на папата ја води римската бискупија (италијанскиот кардинал Балдасаре Реина) и Големиот пенитенцијар кој е задолжен за прашањата за простување на гревовите (италијански кардинал Анџело Де Донатис).

Избор на нов папа

Од 15 до 20 дена по смртта на папата се организира избор за нов папа, познат и како конклава.

Во Ватикан пристигнуваат кардинали од целиот свет и почнува еден од најтаинствените избори во светот. Кардиналите се заколнуваат на молк и таинственост.

Право на глас имаат само кардинали помлади од 80 години, а за да биде избран нов папа, треба да има две третини од гласовите.

Додека да не се избере нов папа кардиналите не смеат да ја напуштат конклавата и се практично изолирани од светот. Кардиналите гласаат и по неколкупати, сè додека еден од кандидатите не добие мнозинство од две третини.

По секое гласање, нивните гласачки ливчиња се горат во печка, а на оганот се додава супстанца која предизвикува бел или црн чад и така се известува јавноста дали е избран нов папа.

Доколу не е избран, чадот е црн, кога ќе се избере нов папа – чадот е бел.

По изборот, победникот треба да каже дали ја прифаќа да биде нов папа и кое име ќе го користи како папа.

Новиот папа се облекува во бела облека и излегува на балконот на базиликата „Свети Петар“ каде е пречекан од верниците на плоштадот.

На крај, еден од кардиналите на латински вели „Habemus papam“, односно „Имаме папа“.

Погреб на папата Франциск

Телото на починатиот папа се облекува во бела облека и се носи во неговата приватна капела.

Во меѓувреме, камерлангото има неколку задачи – тој ја пишува посмртницата на папата, заедно со причината за смртта утврдена од лекар.

Треба и да го затвори апартманот во којшто живеел папата бидејќи внатре не смее да влезе никој.

На крај, камерлангото го уништува папскиот прстен со церемонијален чекан.

За погребот, папата се облекува во црвена раскошна облека.

Но Франциск, кој е познат по својата скромност, побара на неговиот погреб да се избегне непотребно трошење.

Уште од XIII век, телото на почнатиот папа секогаш се изложувало на пиедестал во Ватикан за останатите кардинали, свештеници и членови на црковната хиерархија да можат да му додадат почит.

Но, Франциск не сакал да биде глорифициран по смртта, па неговото тело нема да стои на пиедестал пред да биде погребано. Наводно, папата побарал ковчегот да биде ставен во базиликата „Свети Петар“ бидејќи сакал да покаже скромност.

Телото на папата ќе биде однесено до базиликата со поворка. Погребувањето на папата се случува од четири до шест дена по смртта.

Ковчегот се затвора ноќта пред погребот, а лицето на папата се покрива со бел свилен вел.

Во ковчегот се ставаат и монети, како и документ на кој се наведени детали од животот на папата.

Документот се чита на глас, пред да биде затворен во ковчегот.

Тагови
реклама

Хајди Клум ги прекрши сите правила на Канскиот филмски фестивал

Read more

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Зверев: Готово е, Ѓоковиќ е мојот тренер

Read more

Нова студија нуди ефикасен метод за слабеење без гладување

Read more

Свет

Трамп: Можеби ќе одам во Истанбул ако има напредок во разговорите денес

Read more

Повеќе од 40 мртви во ноќните напади врз Газа

Read more

Анализа: Зеленски сака да го разоткрие Путин - ја игра неговата игра, но дали ќе успее

Read more

Трамп го откажа учеството на преговорите по објавата дека Путин нема да присуствува

Read more
 

Вести

Трамп: Можеби ќе одам во Истанбул ако има напредок во разговорите денес

Читај повеќе

Повеќе од 40 мртви во ноќните напади врз Газа

Читај повеќе

Анализа: Зеленски сака да го разоткрие Путин - ја игра неговата игра, но дали ќе успее

Читај повеќе

МВР апелира: На матурска прослава без автомобил, без консумирање алкохол

Читај повеќе

Трамп го откажа учеството на преговорите по објавата дека Путин нема да присуствува

Читај повеќе

Русите без Путин одат на преговори со Украинците

Читај повеќе

Без вода денеска дел од Карпош

Читај повеќе

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Потребни се гаранции за македонската евроинтеграција

Читај повеќе