Српскиот претседател Александар Вучиќ се најде во центарот на вниманието кога камерите го фатија како синоќа накратко разговара со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во Брисел.
Кога пристигна на состанокот, Вучиќ ѝ рече: „Штотуку добив порака од Москва“, на што таа, свесна дека се снима, одговори: „Да... да почекаме додека не сме...“
Снимката ја објави новинарката на Euronews, Мариа Тадео.
The mic is always hot. Serbia’s president Vucic last night «I got a message from Moscow now…» von der Leyen aware of cameras «Let’s…let’s wait till we are…» pic.twitter.com/YoDuGOF44R
— Maria Tadeo (@mariatad) December 11, 2025
Оваа кратка, но значајна размена на мислења, бргу го привлече вниманието на европските новинари, особено имајќи го предвид чувствителниот момент во односите меѓу Европската Унија и Русија. Брисел постојано ја критикува Србија за неусогласеност со надворешната политика на ЕУ, особено кон Москва.
Не е познато на што конкретно се однесуваше пораката на Вучиќ, а ниедна страна сè уште официјално не го коментира настанот.