Вучиќ: Ќе има „фрка“ околу Гренланд

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја коментираше моменталната ситуација околу Гренланд за време на неговото гостување во новогодишното издание на Ami G Show.

„Што ќе се случи со Гренланд, дали ќе има фрка околу тоа?“, праша водителот Огњен Амиџиќ, на што Вучиќ кимна потврдно.

„За луѓето кои не знаат, според потврдените резерви, Гренланд има околу 13 проценти од светската нафта, 30 проценти од светскиот гас, имаат ретки метали и минерали, тие се многу богати. Знаете дека Русија, според својата позиција, контролира 45 проценти од арктичката територија, а Америка може да влезе во играта со Гренланд само со 10 проценти контрола“, рече Вучиќ.

„Голема борба е, нема лесно да заврши. Не мислам дека може да има конфликт, јасно е кој е супериорен, но ќе има вербални конфликти, нема сомнение за тоа. Се води голема стратешка борба и нема да биде лесно“, нагласи тој.

Remote video URL
Трамп тврди дека Гренланд е клучен за националната безбедност на САД

Да потсетиме дека за време на неговиот прв мандат, американскиот претседател Доналд Трамп отворено го изрази својот интерес САД да го преземат или купат Гренланд, автономна територија што е дел од Данска, што Копенхаген решително го отфрли.

Гренланд е стратешки исклучително важен поради неговата локација во Арктикот, природните ресурси и воената инфраструктура, вклучувајќи ја и американската база Туле. Трамп и неговите сојузници тврдат дека американската контрола врз Гренланд е клучна за националната безбедност на САД и ограничувањето на руското и кинеското влијание на Арктикот.

Данска јасно стави до знаење дека Гренланд не е на продажба и дека иднината на територијата може да ја одлучат само нејзините жители. Гренландските власти исто така ја отфрлаат идејата за американско преземање, но во исто време го користат интересот на Вашингтон за да ја зајакнат својата преговарачка позиција кон Данска.

реклама

Голем неделен хороскоп од 9 до 15 февруари

Read more

Претепан судијата кој го запроси дечко му на натпревар пред 50.000 луѓе

Read more

Драма на небото: Израелски борбени авиони пресретнаа авион на Wizz Air

Read more

Филмски напад во Италија: Разбојници дигнаа во воздух возила за транспорт на кеш

Read more

Свет

„Европска гордост“ е тоа што Џеј Ди Венс беше исвиркан на отворањето на ЗОИ, вели Калас

Read more

Куба: Од утре повеќе немаме гориво за авиони

Read more

Драма на небото: Израелски борбени авиони пресретнаа авион на Wizz Air

Read more

Макрон има нова визија за Европа, дали ќе му помине кај Мерц и Мелони?

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Шест лица најдени мртви во Бугарија, истрагата ја разгледува и можноста да се работи за култ

Читај повеќе

Четворица заболени од шуга во касарната во Велес

Читај повеќе

ЕУ забрани уништување на облека и обувки што нема да се продадат

Читај повеќе

„Европска гордост“ е тоа што Џеј Ди Венс беше исвиркан на отворањето на ЗОИ, вели Калас

Читај повеќе

Куба: Од утре повеќе немаме гориво за авиони

Читај повеќе

Колку се популарни Трамп и Путин во Македонија?

Читај повеќе

Драма на небото: Израелски борбени авиони пресретнаа авион на Wizz Air

Читај повеќе

Кандидатот на Додик победи на предвремените избори за претседател на Република Српска 

Читај повеќе

Пред 43 години им кажале дека синот им починал, во 2013 година откриле дека е жив

Читај повеќе