Зеленски: Ќе бидам во Турција, се надевам дека ќе дојдат и Путин и Трамп

Макфакс
/ 12.05.2025 / 20:19

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ќе отпатува во Истанбул на мировни преговори и дека е подготвен да се сретне директно со рускиот претседател Владимир Путин – доколку се појави. Во објава на социјалната мрежа X, му се заблагодари и на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата поддршка на иницијативата за прекин на огнот и го покани лично да се придружи на состанокот.

„Тукушто ја слушнав изјавата на претседателот Трамп. Многу важни зборови“, напиша Зеленски, реагирајќи на денешната изјава на Трамп дека постои можност тој лично да отпатува во Истанбул, каде што треба да се одржи состанок меѓу украинската и руската страна.

„Го поддржав предлогот за целосен и безусловен прекин на огнот – доволно долго за да се создаде основа за дипломатија. Ние сме подготвени, од наша страна, да го одржиме прекинот на огнот“, објави Зеленски.

„Исто така, го поддржав претседателот Трамп во идејата за директни преговори со Путин. Отворено реков дека сум подготвен за средба. Ќе бидам во Турција. Се надевам дека Русите нема да се повлечат“, додаде украинскиот претседател.

Зеленски нагласи дека би им значело многу на Украинците доколку Трамп лично се придружи на разговорите: „Тоа е вистинската идеја. Можеме многу да промениме. Претседателот Ердоган навистина може да биде домаќин на состанок на највисоко ниво. Благодарам на сите што помагаат.“

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно денеска изјави дека тој инсистирал состанокот да се одржи во Турција.

„Мислам дека од таа средба можат да произлезат добри работи“, рече Трамп, додавајќи: „Размислував да одлетам. Не знам каде ќе бидам во четврток, но постои можност, ако мислам дека нешто може да се случи“.

Досега само Зеленски официјално го потврди своето учество. Рускиот претседател Владимир Путин сè уште јавно не изјавил дали ќе се појави. Кремљ претходно изјави дека не прифаќа ултиматуми, но не ја исклучи можноста за разговори во Истанбул.

Според неофицијални извори, Москва би можела да го испрати министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, со што ќе се создаде впечаток за подготвеност за дијалог без директно присуство на Путин.

реклама

Свет

Каде се заработува најмногу? Објавени просечните плати низ Европа

Read more

Reuters: Германија има план од 10 точки за Украина

Read more

Швеѓаните забележале руски војници на танкери од „флотата во сенка“

Read more

Трета среќа за Доналд Трамп Џуниор: Се сврши со Бетина Андерсон

Read more
 

Вести

Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар

Читај повеќе

Банкрот за производителот на роботски правосмукалки Roomba

Читај повеќе

Уапсен детски психијатар во Хрватска, со години ги злоставувал своите малолетни пациенти

Читај повеќе
  • play_arrow

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Читај повеќе

При претреси во Виница и Виничко пронајдени 43 златни и сребрени монети, петмина уапсени

Читај повеќе

Каде се заработува најмногу? Објавени просечните плати низ Европа

Читај повеќе

Reuters: Германија има план од 10 точки за Украина

Читај повеќе

Швеѓаните забележале руски војници на танкери од „флотата во сенка“

Читај повеќе
  • filter

Што одбра Бугарија да стави на евро монетите?

Читај повеќе